За албанскиот дел од „бомбите“

07.03.2015 11:43
За албанскиот дел од „бомбите“

Многу Албанци велат дека во „бомбите“ на Заев откриени досега нема „ништо важно“ за нас. Еве да ги наброиме ситнуриите за Албанците што ги слушнавме досега. На пример:

- Слушнавме како албанската партија на власт заедно со началникот се меша надвор од законот во судството, бидејќи „каменот од блиску доаѓал“;

- Слушнавме дека, исто како и ДПМНЕ, и ДУИ ги попречува политичките конкуренти во одржувањето на митинзи - со испраќање на автобуси на „технички преглед“;

- Слушнавме како нè навредуваат началниците, другарите на албанските „камења“ и „војводи“;

- Слушнавме со каква леснотија премиерот нарачува динамит за Гостивар;

- Слушнавме како владејачката албанска партија купува гласови, од устата на нивните другари, началниците „своеручно“;

- Слушнавме како газдите од ДПМНЕ ќе ги фатат за врат за да не гласаат за изборите во Куманово;

Ова значи не дека не слушнавме, но да не ти било толку „страшно“.

Пустите, и ние сме свикнале на лошо.

Затоа, овој другаров Заев, кој рече дека ќе ги открие сите работи без оглед на припадноста, а денес дури и спомна дека постојат разговори за случајот „Монструм“, нека ги открие што е можно поскоро. Оти многу сме станале „неосетливи“, мува не нè лази.

А ако не си го одржи зборот, за Албанците во Македонија продолжува Курто-Мурто приказната, која ама ич не им се допаѓа. Албанците не сакаат слугите на началниците само да го променат „газдата“. Навистина се изморени од „камења“ и „војводи“. Не сакаат само смена на власта, и Албанците сакаат промена на системот и вредностите. Сакаат да бидат претставени. Не од страна на слуги, туку од луѓе, кои не само што ќе ги штитат вистински интересите на Албанците, туку на сите граѓани.

Од друга страна, иако е оправдан гневот на Албанците во однос на необјавувањето на работи кои се директно „важни“ за нив, ќе биде подобро и ние самите малку да се „освестиме“, затоа што како граѓани не нè допира само Монструм, Харун Алиу, Бродец, туку и тоа како нè допира, море нè фрлило во повеќегодишна смрдеа и ѓубре - Пустец, наместените избори, криминалот, садизмот, контролата над медиумите, администрацијата, судството, над сите. Оние случаи кои ги чекаме нестрпливо, се само последица на сето она што го чувме, а што на многумина Албанци им изгледа „незначително“.

Не можеме ние да бидеме добро, ако на комшиите им е лошо. И обратно.

И не може никој од нас да каже со достоинство дека е Македонец или Албанец или било што друго, ако најпрвин не станеме – граѓани!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Свирачиња