Политиката е карта. А карта е Марта. А Марта е курва.

07.03.2015 15:08
Политиката е карта. А карта е Марта. А Марта е курва.

АНДРЕЈА: Кога ќе ни се придружиш и ти! Тука е јадецот. Многу се таквите што сакат да седат во публика, да грицкаат семки и да чекаат голови. А треба да се трча. Да се трча!

СИМОН: Мене лекарот ми забрани да трчам. (Пауза.)
Можам да бидам аутсудија.

ДИМИТРИЈА: Политиката е карта. А карта е Марта. А Марта е курва. Сето тоа е „Слези Курто да се качи Мурто“. Сум ја кркал таа манџа. Забранувам во оваа куќа да се зборува за политика.

АНДРЕЈА: Каква политика? Ова се алваџиски муабети. Вие сте аматери политичари. Вашата политика е што ќе научите и што ќе прочитате по вечерни весници.

СИМОН: А ти твојата ја цедиш од на господ мадињата. Е бре, Андреја, не се занесувај. Сме биле на твои години.

АНДРЕЈА: И сте пораснале и не ви дошол умот в глава.

Фрагмент од драмата „Диво месо“ (1979 година)

Првите две сцени од драмата можете да ги прочитате на Блесок.

Слика: Smithe

Слични содржини

Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото