Балкански кујнски приказни

09.03.2015 10:33
Балкански кујнски приказни

„Народите на Балканот живеат во сенка на долгата историја на војните, конфликтите и нерешените етнички тензии. Многу енергија, која би можела да биде вложена во создавање и во иднината, залудно е потрошена во одржување на тие тензии, а резултатот е осиромашена стварност“, вели бугарската уметница Еугенија Максимова, претставувајќи ја серијата фотографии „Кујнски приказни од Балканот“.

„Младите семејства се принудени да плаќаат висока кирија или да живеат напикани во становите на своите родиели. А повеќето од тие станови се безнадежно грди, сместени во бетонски блокови, наследство од комунистичката ера. Терминот Балкан ја опишува и културата и географското подрачје и обично сугерира руралност со важни примеси на Ориентот. Независно во кој контекст се користи, зборот е набиен со културни и социолошки конотации, повеќето во смисла на поделби и несогласувања. Кога решив да работам на приказна за Балканот, на памет ми падна храната како една работа околу која луѓето од целиот регион се согласуваат и која им е заедничка. По петстотини години отоманска окупација сите продолживме да ги јадеме јадењата кои тие ни ги донесоа. Занимавајќи се со заедничкото гастрономско наследство, почнав да се прашувам што се случува во кујните на Балканот денес. Кујната е повеќенаменска просторија, простор кој го одразува идентитетот, но и перцепција на самиот себе. Отелотворување на душата на балканскиот дом и огледало на општеството во целина.

Народите на Балканот попрво ќе ги потрошат оние малку пари што ги имаат во кафеана, отколку на внатрешно уредување. Резултатот е функционален стил без украси кој го пренесува опипливото чувство на изгубениот идентитет на регионот, неизбежно наследство од полумилениумскиот отомански јарем и полувековниот живот зад Железната завеса“, вели Максимова.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Фотографија / Балкан / Историја
Балкан / Историја
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото