Ексклузивни сознанија од „Странски служби“

10.03.2015 10:27
Ексклузивни сознанија од „Странски служби“

Откако лидерот на опозицијата Зоран Заев почна да ги објавува своите „бомби“, лично премиерот Никола Груевски на прес конференција го обвини дека соработувал со странски разузнувачки служби, и тоа против интересите на Македонија. Среќна околност е што странските служби редовно ја ажурираат својата Фејсбук страница, па можеме да дознаеме што точно тие прават во Македонија и со какви сознанија располагаат. Пренесуваме еден мал дел од нив.

* * *

Денеска ни се обратија домашните служби и нè замолија за стручен совет. Бидејќи сме демократски странски служби, решивме да спроведеме јавна анкета.
Прашањето е: Како најефикасно да се осуети пуштањето на снимките од „Бомба бр. 8“ во вторник во Универзална сала?

а) Сечење на покривот со помош на методот „сајли и модерен вол“
б) Технички преглед на Универзална сала
в) Ненадејно прекинување на електричната енергија
г) Блокирање на сите телефонски и интернет линии
д) Создавање пречки во тонот, за ништо да не се слуша
ѓ) Истоварање на 250 вреќи брашно на влезот
е) Копање на обрач (ров, или ендек) околу салата
ж) Распоредување на специјалци за застрашување
з) Поставување на жив ѕид од човечиња кои ќе се држат за раце со патент на устите
ѕ) Да не се заебаваме пак, туку со динамит

Ветуваме дека одговорот што ќе добие најмногу гласови ќе им го испорачаме на домашните служби, и за тоа дебело ќе наплатиме.

* * *

Стρансκите Служби κонечно ја дознаа дефиницијата за Κосмодисκ демоκρатија. Човечиња за уши довлечκани во ендеκот си гласаат со тρиаголничиња. Звучи шашаво, ама фунκциониρа.

* * *

Уште една пикантерија од рубриката „Прашајте ги Службите“. Најчесто поставуваното прашање е зошто Премиерот и неговата свита за нашите снимки велат „креирани материјали“? Како тие материјали се „креираат“? Одговорот е прост: значи прво кликаме record, па после неколку минути снимање stop, на крај save as и оп! - новиот фајл е креиран. Така се креираат материјалите.

* * *

Странските служби беа прашани кој ќе победи на следните избори. Одговорот е: не знаеме, некој само што ги украде точните резултати од следните избори од кол центарот на МВРО.
Лека ноќ, човечиња.

* * *

Странските Служби сакаат да потенцираат дека доказите за фрлањето на цела фамилија сосе жена и деца од страна на Мартин Протуѓер говорат и за следново:

-Не мора да значи дека баш целата фамилија ќе биде фрлена во ендекот - едното дете на пример може да се закачи на грмушките блиску до ендекот или да биде заборавено во багажникот
-Кучето речиси гарантирано ќе го остават живо затоа што ВМРО ги сака животните
-Можеби фамилијата и не мора да биде фрлена во ендек, но ако жената и децата многу вриштат додека долгата рака на ВМРО ги средува, ендекот сепак е најелегантното решение
-Нигде не видовме докази дека тој идиотот не си го барал сам; ние веруваме дека Протуѓер не би фрлил нечија фамилија во ендек без да има добра причина
-Протуѓер е фин и добродушен, да го натераш да ти се заканува мора да си гомно од човек и многу да си му згрешил
-И да ти ја фрли во ендек фамилијата, ако си способен и силен човек, секогаш ќе можеш да создадеш нова фамилија
- Барем Протуѓер прави нешто, а не ко Бранко
-Дали вие уствари имате нешто против Протуѓер?

Еве, вака се дебатира. Да ги извадиме аргументите на маса и убаво да ги преслушаме доказите. Не туку само празни обвинувања против Владата.

* * *

Ние знаеме зошто Интер не победува...

Извор: Странски служби

ОкоБоли главаВицФото