Библиомобил

10.03.15 14:51

Аргентинскиот ексцентричен уметник Раул Лемесоф создаде нов начин за ширење на идеи и информации. Помогнат од компанијата 7UP, тој го создаде своето „оружје за масовно уништување“, преправајќи стар Форд Фалкон од 1979 година во мал тенк, кој како муниција ги користи книгите.

Овој „тенк“ има капацитет од 900 книги, а Лемесоф го користи за да раснесуава книги како во урбаните центри така и во руралните краишта на Аргентина.

„Мојата мисија е многу опасна. Ги напаѓам луѓето на многу убав и забавен начин“, вели Лемесоф за своето оружје.

Луѓето на улиците можат слободно да си земат книга од неговото возило. Единствен услов е да ветат дека ќе ја прочитаат.

Извор: DesignBoom

ОкоБоли главаВицФото