9 правила на легендарниот Чак Џонс за цртање на брзата птица итрица и којотот

10.03.2015 17:08
9 правила на легендарниот Чак Џонс за цртање на брзата птица итрица и којотот

Чак Џонс е еден од најславните аниматори на XX век. Душко долгоушко, Duffy Duck, Porky Pig, брзата птица итрица и којотот се само дел од планетарно популарните ликови од неговите анимирани филмови кои денес имаат статус на класици.

Во една своја белешка, овој мајстор на анимацијата се обидел да ја сублимира тајната успехот на брзата птица итрица и којотот во девет кратки правила.

1. Брзата птица итрица не смее да го повреди којотот на друг начин освен со правење „бип-бип“.

2. Никаква надворешна сила не смее да го повреди којотот - само неговата неспособност или неуспешноста на ACME производите.

3. Којотот може да запре во кое било време - ако не е фанатик. (Повторувај: „Фанатик е оној што го удвојува напорот кога ја заборавил целта.“ - Џорџ Сантајана)

4. Нема никаков дијалог освен „бип-бип“.

5. Брзата птица итрица мора да остане на патот - инаку, логично, не би ја викале така (анг. road runner; road - пат).

6. Целото дејство мора да биде ограничено во природната околина на двата лика - југозападната американска пустина.

7. Сите материјали, алатки, оружје, или механички помагала мораат да бидат набавени од ACME корпорацијта.

8. Секогаш кога е тоа можно, направи ја гравитацијата најголем непријател на којотот.

9. Којотот секогаш е повеќе понижен отколку повреден од неговите неуспеси.

Извор: Mental Floss

ОкоБоли главаВицФото