Бомба #8: „Абе знаеш како е, како пластично, долго е и само се стега како ортома“

10.03.2015 23:00

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков

МЈ: Сашо?
СМ: Мхм?
МЈ: Една консултација. Со премиерот нешто у билатерална сала. Една консултација.
СМ: Ааа, добро, кажи.
МЈ: Излегов. Избирачкиот материјал.
СМ: Да.
МЈ: Четири избирачки списоци, дојдов до нив, да видам кој точно гласал кој не. Е сега, избирачкиот материјал е во една просторија кај што имаме клуч.
СМ: Аха.
МЈ: Тие се заврзани во едни црни вреќи, ккако што ми објаснуваа и имаат од оние пластичнине ако ти текнува што се затегнуваат, пластични едни?
СМ: Аха.
МЈ: Има ли од МВР вешт или да појде да види, ако може да ги отвориме без да се сецка?
СМ: Ај кога ќе. Слушај, кога ќе дојдам, да не го збориме ова, пошто сега сум ја у туѓа мрежа. Не знам кој ме слуша, надвор сум ја.
МЈ: Добро ај барај ме.
СМ: Рачунај јас вечер, најкасно до 12-1 сум во Скопје.
МЈ: Барај ме.
СМ: Сега се качувам во авион и се враќам у Скопје.
МЈ: Ајде барај ме, чао.
СМ: Ајде.


Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков

МЈ: Слушај што те барав вчера.
СМ: Кажи.
МЈ: Овие што се, избирачкиот материјал е, четири најдовме такви списоци веќе, ќе ги дајме на тие што не изглегле да молиме од врата до врата.
СМ: Мхм.
МЈ: Другите се во црни вреќи. Е сега. Во вреќи се и ставени се во едно депо во Општина Центар. Имаме клуч од таму, ама...
СМ: Од избирачките списоци?
МЈ: Да.
СМ: Па нели го имаме избирачкиот список целиот комплет?
МЈ: Не не не. На тој што е гласано минатата недела. На тој што се потпишуваа.
СМ: Аха.
МЈ: За да знаеме кој излегол кој не излегол. За четири избирачки места го најдовме. Е сега за останатите, во црни вреќи е. Ги знаеш оние пластичните што се затвараат? Кога ќе го тргнеш само се затвара. Како, како наа патент. Пластично е, и со жиг е ставено.
СМ: Добро.
МЈ: Да појде некој, не знам сега дали имате такви луѓе, да го отворат да не се познае дека е отворено?
СМ: Е сега не знам треба да го видиме тој механизам. Мене не ми текнува каков механизмот е тој, ама ај...
МЈ: Абе знаеш како е, како пластично, долго е и само се стега како ортома.
СМ: А, како жица она.
МЈ: Ее така.
СМ: А,знам, едно у друго што влага и како жица.
МЈ: Така, е така. Да појди некој од твоиве...
СМ: Па да се стаи ново, што?
МЈ: Ама кај ќе најдеме такво исто?
СМ: А? Па ќе најдеме кој ги става тие?
МЈ: Оти печат има. ДИК.
СМ: Па од ДИК нека дадат нови и готово, што?
МЈ: Не, ама печат удираат.
СМ: А што ќе ни е тоа, да видиме кој не излегол?
МЈ: Да.
СМ: Па шо ќе напраиме со тоа?
МЈ: Епа на нив ќе одиме посета од врата до врата ќе ојме, ако се наши ќе ги притисниме.

 

Разговор помеѓу Мендух Тачи и Сашо Мијалков

СМ: Мендух, што правиш?
МТ: Еј, здраво.
СМ: Добар си ми?
МТ: Не те барав бе за ништо, не се плаши.
СМ: Нееее, ти можеш да ме бараш за што сакаш мене.
МТ: Само да ти кажам тука сум, ако треба нешто, кажи.
СМ: А?
МТ: Тука сум, ако треба нешто, кажи, за сè, до смрт.
СМ: Добро бе, важи.


Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер

МП: И договорив една екипа, нема да ти се допадне тебе ова, ама сакав да те замолам вака, да замижиш за ова. Значи, една екипа, 4-5 души од овдека, на Мацко брат му, такви некои, шо ќе бидат со мене таму.
ГЈ: Бараби.
МП: Да. Што ќе бидат со мене таму. Пошто ми требаат, тешки глупости има таму, плус и за нашиве да им го држат стравот, а и така, да бидат тука.
ГЈ: На Мацко брат му ќе ти направи уште потешки глупости, ама штом си го одбрал, чувај си го.
МП: Нека дојде сеа, него го познавам. Ќе го држам ја колку шо можам под вакво. Да ти пратам имиња и презимиња на луѓево шо ќе дојдат?
ГЈ: Не бе, нека шибаат, не е проблем, само нека се јават. Пошто на пример, он не е кај мене, он е у СВР.
МП: Аха.

***

ГЈ: Абе види, ја ти кажав. Мислам, дај Боже да победиме во Охрид, ама со таа банда таму, мислам овие, твојава банда, нема лезет у таа работа. Ништо нема да им се случи, не се секирај, ама кај ги одбра бе, Мартин, најголемите багабонти у МВР.
МП: Најдобрите дечки се.
ГЈ: Абе ајде, Утка кога ти е соработник, до кое дереџе сме стасале, ама нема проблем за ова.


Разговор меѓу Мартин Протогер и Љупчо Тодоровски (Радник)

МП: Ало?
ЉТ: Еј, ме бараше Мартин?
МП: Да. Абе види. Знаат ваму, во Охрид, кој треба да се лоцира и некако како да го штитат.
ЉТ: Кого?
МП: Страшо се вика човекот, што треба да го лоцираат. Страшо Петковски ми се чини дека.
ЉТ: Страшо Петровски?
МП: Страшо Поповски.
ЉТ: Ај сега ќе се јавам.
МП: Значи мора да го соберат него. Еден е собран веќе, тој Јане, со уште двајца фатени. И уште Страшо и готово, ја решаваме овдека равенката.
ЉТ: Сега ќе се јавам бе. Сега одма се јавувам.
МП: Важи Љупчо, фала ти. Чао.
ЉТ: Важи, чао.


Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

ГЈ: ...Да бе, да. Абе види, он е поранешен претседател на Општински, значи каков, таков, има некоја структура.
КБ: И на Општински е, плус џандар, тоа си има влијание у тие краеви.
ГЈ: Да де, да, независно каков е.
КБ: И мислам дека треба да летне и он. Жена му, сега почнав да барам кај работи, треба да ги оставиме без ништо.
ГЈ: Знаеш, он е глуп човек. Значи, сега ќе го пуштиме инспектор.
КБ: И тоа кафаната треба да му ја запалиме. И така. Тие три работи, мора да се направи тоа.
ГЈ: Јас, знаеш што мислам? Значи, он не знае да работи, неспособен е. Значи, он сé што има, има од партијата.
КБ: Да.
ГЈ: И јас сега го чекам на прва грешка за да можам да го избркам, оти вака, ќе го шетам, он ќе праи приказни како е награден и уште ќе ме нервира дополнително.
КБ: Не, да се избрка треба. И он и жена му. И кафаната да му ја растуриме и тоа е.
ГЈ: Прво излегување на терен, он грешка ќе направи. Процедури не знае. Ќе го фатиме и ќе му е...е матер.
КБ: Да, стај му една лепенка да го гледа и тоа е.


Разговор меѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков

СМ: Миле?
МЈ: Сашо? Овој младиот, шо беше кај нас на состанок, што беше порано во СДСМ?
СМ: Да.
МЈ: Жерновски го бара на средба. И ми вика, ако сакате да се озвучам, да видам што ќе ми нуди, да го навлечи, да му збори за пари, за такви работи.
СМ: Миле, задржи го него, брзо ќе дојдам сега ја. Завршуваме ние у Влада, ќе дојдам таму ќе се договориме.
МЈ: Да го викнам кај мене?
СМ: Викни го ајде. Ајде чао.


Разговор помеѓу Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески

МЈ: Ее?
МП: Миле шо праиш?
МЈ: Добар бе еве, на мал митинг идам.
МП: Го барам Владо ако си со него.
МЈ: Со него.
МП: Еее му ѕвонам на телефон види ако... Ај ќе ми го даеш попосле, само да ти кажам нешо, има една фирма Илинден, градежна фирма од Струга, асфалтираат по налог на Ацо низ цел Охрид, нека запре, кажи му, зашо ќе му ебам мамицата, кажи му...
МЈ: Ја ќе му се јавам на Раде бе.
МП: Јави му се одма. Кажи му, асфалтирате по Охрид, работиш за Ацо, кажи му љути се ќе ти ја ебат мајката.
МЈ: Добро.
МП: Да, дај ми го Владо.


Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков

МЏ: Таа Виолета, не знам како се вика таму чека на вас. На Управен, така рекла.
СМ: Мхм, Виолета. Која е таа Виолета? Како се вика?
МЏ: Па, потпретседател е на Управен суд. Ми се чини Виолета, не знам како понатаму. И рекла, ај нека ми спомнат, таа претседава со предметот Долнени. Тоа, жалба, како се вика.
СМ: Да. Ок, ајде тогаш јас кога ќе се сретнам со овие сега во 3 саат, и ќе те барам.
МЏ: Јас ќе бидам, ќе го сретнам еден пријател за случајот, тука во градот.


Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Коста

К: Јас, нешто успеав тука да извадам, едно четири пет избирачи што беа надвор од вреќите...
МЈ: Добро.
К: Така да кога ќе имаш време денес да се видиме, да ти ги дадам.
МЈ: Одма кај мене на работа иди, шо.
К: Кај си ти?
МЈ: Во Министерство за транспорт, зад Собрание.
К: Зад Собрание сте, у на МНР зградата?
МЈ: Да, и уште една работа.
К: Кажи.
МЈ: Може ли бе за овие болните да не обновуваме документацијата?
К: А бе јас би сакал да биде така, и логиката мене така ми вели. Меѓутоа, насоките на ДИК се такви.
МЈ: Четири-пет избирачки или...?
К: Четири-пет избирачки, да.
МЈ: Не може повеќе, а?
К: Не може. Тие беа надвор, луѓето што беа тука, што собираа, што гледаа од комисијата не беа тука и успеав да ги тргнам на страна, ги ставив во кола...

МЈ: Ги ископира или не?
К: Не, не, него оригиналите.
МЈ: Ајде чао.


Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

МЈ: Амди бајрам е цар бе.
С: Хахаха, што праи?
МЈ: А?
С: Што праи?
МЈ: Неџдет Мустафа и овој се жалеа што му напраил Амди, како ги победил. Знаеш што му напраил?
С: Што им напраил?
МЈ: Нели избирачкиот список беше прочистен заклучно со 2011 така?
С: Да.
МЈ: Ги зел сите умрени во 2012 година што се, по список...
С: И?
МЈ: И пуштил луѓе да гласаат во нивно име.

С: Ај што збориш? И? Тоа некој го знае?
МЈ: Е па он така вика...
С: Го фатиле?
МЈ: Му викам, му работи мозокот, викам.
С: Као може да пушти, као ќе докаже дека се оние. Лична карта, ова она?
МЈ: Па ништо, си оди за некоја жена што е почината. Кој гледа...
С: Добро, ама мораш да дадеш лична карта. Што старата лична карта ќе ја дадеш?
МЈ: Е па не гледале овие идиотиве.

 

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и соговорник (директорка на Дом)

ДД: Е вака сега министре, прашав еднаш во домот јас, нели блиску и живеам. Имаме значи две деца што имаат лична карта на Скопје, тие ќе гласаат тука во домот, тоа се Колев Виктор и Елизабета, другите имаме уште шест дечиња што се полнолетни, меѓутоа и они сакаат ако им се плати патот би оделе да гласаат за Груевски буквално така викаат.
МЈ: Оти патот ако им се плати?
ДД: Има едно дете во Виница... три во Куманово, едно во Гостивар и едно во Охрид.
МЈ: Вака вака, кажи му ќе му платиме нека си дојдат со сметките со сметко потврда ќе му рефундираме пари лично. 
ДД: Не, јас и од домот ќе им платам, само да знаете, ви реферирам дека шест деца ќе ги пуштиме нека одат да гласаат на место на живеење кај шо имаат лични карти...
МЈ: Ти ми одговараш за осум гласачи, ајде...
ДД: А за овие двете ќе гласаат тука, да...
 

 

Разговор помеѓу Елизабета Канчевска Милевска и Миле Јанакиевски

ЕКМ: Кажи Миле!
МЈ: Бети?
ЕКМ: М?
МЈ: Крушево сум.
ЕКМ: М?
МЈ: Овие од Тоше семејствово против нас се. Што праиме? Да му ја избркаме таа од работа ако не и да не му даваме повеќе 3.000 евра, да го затвориме музејо?
ЕКМ: А бе види, сега пред некој ден кога беше премиерот ми се јави. Се видел, вика се видов на митингот таму со тој Славе, и вика ми збореше, му кажав викам, баш и ти како што кажа. Татам се договоривме викам да отиде да направи, после тоа ми се јави Славе и ми кажа дека татко му на Тоше не сакал таму со гробот. И тоа ако тоа се прави да се прави цело. И после Премиерот вика: ако не да земеме да го правиме целото. И после ми вика како ќе биде, карши него е нели гробот на овој Питу Гули, ние овде цело царство, ваму-таму, и после вика ај уште еднаш да подразмислиме и така остана работава.
МЈ: Не бе Бети, не може толку работи...
ЕКМ: Они не условуваат...
МЈ: Толку работи се направени за Крушево.
ЕКМ: Да.

Разговор помеѓу Сашо Мијалков и соговорник

СМ: Знаеш ли бе што ми кажа денес чистачкава што чисти кај мене дома?
С: А?
СМ: А бе вика имам една пријателка вика, треба да има вечер кај тебе треба да дошле. Каде бе викам кај мене? Па вика у транспорт и врски. Ааа, и што? А бе, плачи вика. Што? Па страв и е леле вика за што ме вика мене Мијалков? Хаха!
С: Хаха.
СМ: Плаче вика, хахаха, плачела... А викам, да, треба да дојде, викам. Не ја знам ја, ми ја кажаа по име, разбираш. Плаче, вика, уплашена. Вика што е работата, зошто ја викаш? Па викам за да си ја заврши една обврска, затоа ја викам.
С: Ај сега ќе ти пишам. Чао.
СМ: Ајде.

Напомена на Окно: На неколку места ги скративме транскриптите.

Извор: СДСМ / Плусинфо