Тецуја Ишида

11.03.15 15:46

Тецуја Ишида (1973-2005) е јапонски уметник и графички дизајнер кој е најпознат по своето надреалистичко трансформирање и портретирање на секојдневниот живот на Јапонците. Неговиот татко бил пратеник во јапонскиот парламент, а мајка му домаќинка. Желбата да се занимава со уметност не наишла на разбирање во семејството, кое му вршело притисок да стане учител или хемичар. Додека студира на Универзитетот за уметност Мусашино, неговите не го помагаат школувањето.

Во дел од неговите уметнички дела тој се занимава со темата на очекувањата од младите, што најверојатно е поттикнато од неговото лично искуство во тој поглед.

Контроверзна е и смртта на Тецуја Ишида: на 31 година го прегазува воз, но многумина тврдат дека всушност станува збор за самоубиство.

Извор: www.tetsuyaishida.jp

ОкоБоли главаВицФото