Мендух и Али: Никола и Сашо ве имаат ставено во шише вас лично, не Албанците

12.03.2015 01:41
Мендух и Али: Никола и Сашо ве имаат ставено во шише вас лично, не Албанците

Едноставно одвратна е тековната славеничка дволичност на ДУИ за сервилноста на Мендух кон Сашо Мијалков. Дури би кажал дека цинизмот на дуистите го ндминува резилот на ДПА.

Синоќешната снимка е само потврда за веќе познатиот однос на господин Тачи. Но, доколку ги земеме предвид сите околности, слугинската покорност на Муса Џафери е двојно посрамна од онаа на Мендух Тачи.

Мендух синоќа ја заврши својата кариера како и секој политичар неспособен да разбере кој е моментот кога треба да стапне, а кој кога треба да се симне од политичката сцена.

Но, кога вториот од политичката и извршна хиерархија на ДУИ ја освојува власта преку војна во која се убиени стотици Албанци и Македонци, внесува непремостлива омраза помеѓу двете заедници само за да биде на власт, кога овој човек – Муса Џафери – се простира сервилно пред Шефот на Службите и без трунка срам договара антидемократски договори, не е потребно да сте премногу паметни за да разберете дека криминалот и сервилноста на ДУИ е барем седумпати поголема од онаа на ДПА.

Затоа, пред да се клештат за глупавостите на Мендух, нека повелат Али Ахмети и неговите арамии и нека ни објаснат зошто повикаа на војна помеѓу два народа. Заради криминогена љубов со нивните мафијашки партнери од ВМРО-ДПМНЕ?

Мендух својата кариера и богатство ги потпиша во валкани бои, но Муса и ДУИ своите кариери и богатства ги потпишуваат сè уште со крвта на убиените луѓе. Затоа гневот и осудата кон нив мора да биде многу посуров. Мендух даде гаранции за својата послушност „со смрт“ своја. Муса и ДУИ да не заборават – онакака како што ни ние нема да заборавиме – дека власта и богатството го имаа стекнато „со смрт“ на другите.

И колку за потсетување на Мендух и Али: Никола и Сашо ве имаат ставено во шише вас лично, не Албанците.

Никогаш Албанците.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња