Скопје 2014

19.02.2010 10:46
matej-stapalo.jpg

Лик по мерка на човек

Пресреќен сум што конечно моето Скопје ќе добие лик по мерка на човек... или по мерка на повеќе луѓе, зашто таков проект со кој директно се обезбедува место во листата на бесмртните, сепак, не може да направи само еден човек. И среде тој изблик на еуфорија, ми текна (со ништо непредизвикано, онака, сосема случајно) на една стихотворба со која мајка ми ме успиваше кога... ми беше возраста за приспивни песни, се разбира.

За и јас да дадам некаков придонес кон нашата заедничка култура (зашто и преведувачката дејност е дел од културата, нели?), направив напор да ја препеам песната. Веднаш да кажам, препевот е малку слободен. Искрено, за моето Скопје и за да искажам почит кон неговите современи ктитори би направил и многу повеќе, кога само би можел.

Следува мојот обид...

Свиња реформатор

Ноќ е црна, нема, глува,
бавча нема кој да чува.
А сред бавча, цветна, чедна,
се појави - свиња една!
Сегде пули, сегде мери,
па започна да се цери:
„Пусти луѓе, в умот мали,
не гледаат што им фали.
Тревиштево, што им даде?
Не може ни да се јаде!
Саде ружи, цветој бројни
и лалиња разнобојни.
Сал никаде тиква нема
или лејка јас да земам...
Барем да е цвет до цветок,
ред да има и поредок;
тука ружи, таму бокор,
саде збрка, јад и покор.
Стојте луѓе, празни глави,
погледнете што ум прави,
ќе сфатите колку вредам
бавча кога ќе ви средам!“.

Ноќ е црна, нема, глува,
бавча нема кој да чува...
Да ми ‘рмба, свиња фати,
трева кине, лисје трати.
По леите рова, рие,
кај што стапна - сè ќе згние!
Цвеќе сотре свиња луда
и направи триста чуда!
Денок светол дури самна
бавчата се стори гламна.

Милорад Митровиќ Шапчанин (1902, Пригодни песни)

преземено од „Дневник“, 13.02.10.

автор на сликата: Матеј Богдановски (од циклусот „Скопје радост ти ќе бидеш“)

ц ц цц предобро :)))) 

ц ц цц предобро :)))) 

 Jas se zaljubiv vo avtorot

 Jas se zaljubiv vo avtorot na tekstov. Bravo!!

Profesorot Petrusevski kako i

Profesorot Petrusevski kako i sekogash plenuva so svoite zborovi. Profesore, bravo i za prepevot i za genijalnata ideja!

Profesorot Petrusevski kako i

Profesorot Petrusevski kako i sekogash plenuva so svoite zborovi. Profesore, bravo i za prepevot i za genijalnata ideja!

Слични содржини

Став
Став
Прст [к:2]
Став
Наука [к:8]
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото