Извонредни карикатури на Лазо Плавевски за прислушувањето

13.03.2015 13:45
Извонреди карикатури на Лазо Плавевски за прислушувањето

Порталот Плусинфо објави четири извонредни карикатури на македонскиот уметник и карикатурист Лазо Плавевски, инспирирани од скандалот со масовните илегални прислушувања.

Лазо Плавевски е роден 1954 година во Скопје. Со објавување карикатури започнува од 1970 година, во повеќе списанија во Македонија и во странство. Во 1976 година освојува Гран при награда на Светската галерија на карикатури во Скопје.

Во 1995 година ја објавува книгата „Нема книга/карикатури, 1990-1993“, а во 2001 година, заедно со Мирослав Грчев ја објавува книгата „Картички“. Во форма на Каталог/книга во 2009 година го публикува проектот „Неупотребливи белешки“.

Плавевски учествувал на повеќе групни изложби, а организирал и неколку самостојни: „Скопје“ (1977, во рамките на Светската галерија на карикатури), „Цртежи за Јане и Цена“ (1992), „Нема книга“ (1995), „Ретроспектива“ (неформален проект) и „Неупотребливи белешки“ (2009).

Критичарите велат дека карикатурите на Плавески се необични и со оригинална симболика. Повелете, уверете се сами.

Повеќе карикатури од Лазо Плавевски на Окно можете да погледнете овде.

Слични содржини

Карикатура.мк / Стрип / Уметност / Карикатури
Карикатура.мк / Стрип / Уметност / Карикатури
Стрип / Карикатури
Уметност / Карикатури
Стрип / Карикатури

ОкоБоли главаВицФото