Скопскиот мост на Вардар

16.03.2015 12:45
Скопскиот мост на Вардар

Кога се праил старио мост во Скопје, го праеле мајстор и калфа. Мајсторо го фатил од еднио крај, а калфата од другата страна. Го привтасале за да го врзат и му рекол калфата на мајсторот: „Тих, мајсторе, што јако сум ти го напраил полојнава од мосто, сам св. Илија да слези не можи да го турни; таков јак сум ти го напраил, мајсторе.“

И туку се беше задало еден облак, та како беше врнало, врнало, и дошол Вардар многу силен, туку го беше откорнал мосто од калфата и беше го превртел со нозете наугоре. За да се прикажува и ден денеска стоел.

Извор: Преданија и легенди, избор и редакција: д-р Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопје, 1969.

ОкоБоли главаВицФото