Читајќи го Платон

17.03.2015 17:23

Ова е приказна
     за убава
лага, што се лизга
     меѓу моите прсти,
твоите прсти. Зима е,
     поодминато време

од човековиот животен
     век.
Гологлав, со валкана
     кошула,
молчалив, мојот пријател
     прави

мамки, тоа му е хоби. Муви
     толку ситни
изработува со пинцета и
     лупа.
Тие треба да бидат
     уверливи

како да се вистински - пипците,
     антените,
брзи и луди
     како кога нешто
во вода се дави. Срцето
     жестоко во рацете
му пулсира. Тоа е
     заслепување
и кој ќе му го прости
     во малата
градина? Тој ги прави
     од влакна,

еленски влакна, оти се шупливи
     и плутаат на вода.
И покрај смртта и грдата глетка
     ова му е
добра замисла
     која смешните денови

ги спојува. Подобро од сеќавањето. Подобро
     од љубовта.
Потоа се завршени, по една
     јадица под секој пар
крилја, и еве пролет е,
     а луѓето

по речното корито ѕенѕаат
     в зори. Горе
ѕвездите сеуште ги поврзуваат
     своите гладни животни.
Наскоро ќе бидат задоволени
     и ќе исчезнат. Во меѓувреме,

узводно, низводно, брзо
     во воздухот,
во месото, во синиот
     рој муви,
замисли, ете го нашето поимање
     на грациозниот

елен што лесно по површината
     скока.
Распарчено, запаметено,
     тоа е конечно
живо. Замисли
     тело

чијшто дел сите
     еднаш биле,
тие луѓе долж бујните
     зелени брегови
што настојуваат да се вовлечат
     и да преминат

кон природниот свет.


Џори Греем (Jorie Graham, 1951), американска поетеса, присутна во сите понови антологии на американската поезија. Родена во Њујорк, пораснала во Франција и Италија. Досега објавила десетина стихозбирки, а во 2012 ја добила и Пулицеровата награда за поезија.
Нејзините апстрактни, интелектуални стихови, често на филозофски теми, се сликовити и богати со сложени метафори. Во нејзините песни е истакнат и женскиот момент, а постои и една, понекогаш измамничка, нота на исповед. Суверено владее со стихот и темата и песната по правило ефектно ја води до поентата.

Оригиналната песна

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото