1016 hPa
50 %

23 °C
Скопје - Вто, 20.05.2025 19:29
Разговор помеѓу Филимена Маневска и Влатко Мијалков
ФМ: Да?
ВМ: Добар ден, Филимена.
ФМ: Добар ден.
ВМ: Сакам нешто да Ве прашам.
ФМ: Кажи.
ВМ: Дали ја познавате Тереза Блажевска, одговорна во Апелација е?
ФМ: Да бе, ја знам, на Kривично доле.
ВМ: Дали нешто со неа ќе можеме да поразговараме? Сега не би сакал по телефон...
ФМ: Мх.
ВМ: Имаме ли простор, да се поразговара нешто со неа? Може и да се видиме кога ќе бидете подобри.
ФМ: Аха. А чекај, за некој предмет сакаш?
ВМ: Да, да.
ФМ: Слушај, оди кај Љупка, претседателката.
ВМ: А која беше Љупка?
ФМ: Љупка Арсениевска, претседателка на Апелација. Таа ептен наша е.
ВМ: Аха.
ФМ: Па не се сеќаваш, преку неа го завршивме за, за ова, за Каранаков?
ВМ: Ееее, да, да, да, да да, да да.
ФМ: Па преку неа, нели?
ВМ: Да, да, да.
ФМ: Ти слободно иди. Кажи Филимена ме испрати, ич без проблем.
ВМ: Така, така, така.
ФМ: А она со Тереза ќе си среде.
ВМ: Така, така, така. Добро. Фала за советот. Иначе...
ФМ: Да де тоа. Обавезно иди, претстави и се и кажи дека јас сум те испратила. Љупка...
ВМ: Иначе, вчера ве гледам, во одлична кондиција сте, ти и Михајло.
ФМ: А бе, се држиме, работиме, што да правиме.
ВМ: Е па така треба.
Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер
ГЈ: Да?
МП: Ало.
ГЈ: Kажи?
МП: Горде?
ГЈ: Кажи?
МП: А бе, се сеќаваш за овој другар ми, Диме?
ГЈ: Добро?
МП: За жена му шо овакво, и сега кривична ѝ стегнале. Што направила сообраќајка...
ГЈ: Ај пушти ми податоци, да видам со обвинителот.
МП: Да, да, да, ќе ти пуштам.
ГЈ: Ама не, океј е ако ѝ пуштиле кривична, ама да падне треба кривичната.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Нели така се договоривме?
МП: Така, така, така.
ГЈ: Си забораил? Пушти ми податоци.
МП: Не бе, така, така.
ГЈ: Ееее, глеаш. Хаха. Ајде, пушти ми податоци.
МП: Чао, чао.
ГЈ: Ајде, чао.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
ГЈ: Втората работа е, една молба до тебе имам.
СМ: Аха.
ГЈ: Има едно човече, аа, Величковски Сашо се вика, ние сме го тужеле, он е сега пензионер...
СМ: Добро.
ГЈ: ...повреден у 2001. И сега ние, као на Влада имавме став да повлекуваме тужби...
СМ: Аха.
ГЈ:...сите тие работи, ама имаше еден дел на тужби што не можевме да ги повлечеме, оти веќе сè беше завршено.
СМ: Добро.
ГЈ: И човеков, сега пред Врховен му е предметот, практично по наша тужба од МВР, да враќа пари за отштета... Тој исто ни врши многу работа на терен, овие Достоинство ги... им отцепува...
СМ: Што треба да правиме ние?
ГЈ: Да го изгубиме спорот, ние МВР на Врховен.
СМ: Добро. Прати ми број и готово.
ГЈ: Ќе ти пратам бројче, ама да знаеш што е работава. Да не се чудиш кога ќе ти го пратам и...
СМ: Да де да. Прати ми бројче и ќе го изгубиме.
ГЈ: Оти он више знаеш, ги зел парите...
МП: Не кажувај да добиеме, за губење лесна работа.
ГЈ: Не бе па ти, тој ги зел парите и мислам што и да е, и говедо да е, Македонец е, ранет у војната. И да не е ваква работа, а башка ни помага у Паланка ни помогна, кумановско ни помогна, со овие знаеш инвалиди, вакви-такви...
СМ: Кажи му ќе му завршиме работа и готово.
ГЈ: Супер, ти праќам бројче. Толку те барам јас.
СМ: Важи, ајде.
ГЈ: Ајде, поздрав.
СМ: Чао.
Разговор помеѓу Александра Зафировска (судијка) и Ленче Самарџиевска (секретарка на Груевски)
АЗ: Ало?
ЛС: Ало, добар ден.
АЗ: Добар ден.
ЛС: Александра, Ленче е. Сте ме барале, ми кажаа колешките.
АЗ: Да моменат само. (Значи, почекајте ме надвор, сега ќе ве викнам) Вака...
ЛС: Е, да.
АЗ: Се договоривме на минатиот состанок, да го известам премиерот, кога ќе... ова... распишам оглас, значи, пред да распишам оглас за судии.
ЛС: Добро.
АЗ: Значи, да го известите дека ќе распишам оглас за двајца судии на Апелација Скопје...
ЛС: Добро.
АЗ: За претседател на Основен суд Скопје I, и за претседател на Основен суд Кратово.
ЛС: ....Скопје I и за претседател на...
АЗ: ....Основен суд Кратово.
ЛС: Во ред.
АЗ: Значи, ќе следи оглас за овие места.
ЛС: Добро, во ред, ќе го известам.
АЗ: Е така.
ЛС: Добро, благодарам, пријатно.
АЗ: Ајде, пријатно.
(...)
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
СМ: Него да те прашам една работа. Ние кога биравме судии у Единица...
ГЈ: Аха...
СМ: Имам овдека забележано 72-ка Лидија Петровска. Кој ја предложи неа?
ГЈ: Чекај да видам у тефтерчево...
СМ: Ај види...
ГЈ: Сега не ми текнува по името... само да.. тука ми е баш на маса, секунда, извини... За Единица беше?
СМ: Да, за Единица, и таму ја избравме. Ја ја видов, мене ми фати око, беше добра. Многу ме интересира кој ми ја предложи.
ГЈ: Сега, сега, јас вртам дур збориме со тебе...
СМ: Да.
ГЈ: По списоциве...Двојка, Двојка, Апелација... Марфиев закон... Единица сигурно ми е на крај... еве стасав до Единица, само да видам... овде не ми се испозаокружени, а еве уште еден... Лидија Петровска, Сашка ја предложила, 72 број.
СМ: Аха. Сашка?
ГЈ: Еве. Да.
СМ: Добро.
ГЈ: И има и на рака напишано горе самото... нели она ни ги праќа материјалите...
СМ: Да, да, да.
ГЈ: Она има напишано на рака и плус, после тоа кога сме разговарале, значи сме ја штиклирале и уште еден плус ѝ имам стаено, претпоставувам тоа врз основа на дискусијава што сме ја имале меѓу нас. Меѓутоа е од Сашка предложена, и горе на списокот, ти ти го имаш истиот, 72 на рака пишува Лидија Петровска.
СМ: 73 пишува. 72 пишува, а 73 пишува нешто друго.
ГЈ: 72 и 73 нешто друго, не можам да го разберам. А-на ра-до-... нешто.
СМ: Ана Рајкова.
ГЈ: Е па ја не го дочитувам тоа Рајкова. Иначе ова е од Сашка.
СМ: Океј, добро.
ГЈ: Тоа е.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Александра Зафировска
АЗ: Ало?
ГЈ: Ало, добро вечер. Здраво.
АЗ: Добра вечер. Здраво.
ГЈ: Ја малку покасно, ама така бев со некои луѓе...
АЗ: Нема проблем.
ГЈ:...што нејќам да ме слушаат со кого зборам и така...
АЗ: Да, да...
ГЈ: Сега вака по на раат ќе се јавам...
АЗ: Да, да. Е вака сега. Денес ми се јави Сашо.
ГЈ: Мхм.
АЗ: И ме прашуваше во врска со списоците за изборот на стручни.
ГЈ: Аха.
АЗ: И, ми вика: од кај ти се списоците. Па викам: од таму од каде што беше договорено.
ГЈ: Од партија, да, да, да.
АЗ: Иии, не, вика. Вика: зачекај. Вика: да видам јас. Ама викам: ја она што беше надвор, за Штип, за Битола, тоа си поделив.
ГЈ: Да де да.
АЗ: И му кажав, он ми... дел од нив више даваат решенија, дел постапката ја привршуваат, знаат што-како. Е сега остана проблемот за Скопје, за Единица и Двојка.
ГЈ: Така.
АЗ: И за Апелација, и за... ваљда Лидија се побунила нешто.
ГЈ: Па најверојатно она, мислам со него има добра релација, ама не е страшно нека ги види, па можда и негде држи тоа што се побунила.
АЗ: Не, не, добро е. Не викам ништо.
ГЈ: Да де да. Со арно што се вика работава да ја тераме.
АЗ: Да, него ова, таму се списоците кај нив и ја треба да идам кај него во понеделник, така да она сега што ќе каже, тоа ќе биде.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Љупчо Шврговски
ГЈ: Ало.
ЉШ: Еј, Гоцо здраво.
ГЈ: Здраво Љупчо.
ЉШ: Шо правиш, добра си? Одмараш...
ГЈ: Еве малку по дома, да ти кажам одмарам. Ти како си?
ЉШ: Добар, јас вчера малку на роденден бев, па, малце подолго спиење...
ГЈ: Аха.
ЉШ: Али добро е, сега е океј.
ГЈ: Е па, добро сега, мора, и ние сме луѓе...
ЉШ: Да одмориме, сигурно, сигурно.
ГЈ: Да, да.
ЉШ: Гоцо, вака, сега ми се јави Кизов, па нешто ми спомна ние утре треба да бираме обвинители. Нешто ја ѝ ветив на оваа претседателката на Апелација, Сашо ми се јави баш некни.
ГЈ: А она за каде тоа?
ЉШ: За во скопсково...
ГЈ: Е па ај...
ЉШ: ...едно место е, ѝ ветив на претседателката за синот нејзин...
ГЈ: Ај тогаш вака да направиме....
ЉШ: Знаеш, женава... барем него да го протуркаме.
ГЈ: Ај јас ќе му се јавам на Блерим, да го замолам...
ЉШ: Замоли го едно нешто, ветено е знаеш...
ГЈ: ...да му речам многу е битно, и ќе му кажам за кого е.
ЉШ: И она наш човек е, знаеш како е...
ГЈ: Да де да. Не, ќе му кажам за кого е. И ќе му речам: молим те, следниот пат ќе ви го искомпензираме.
ЉШ: Апсолутно, апсолутно, апсолутно.
ГЈ: Јас, повеќе ми беше, не знаев дека сте збореле со женава...
ЉШ: Па зборев уште, знаеш ќе испаднам јас несериозен, ѝ ветив, Сашо ме замоли, вика: дај Љупа молим те, за неа вика...
ГЈ: Да де да, ама добро сега работиме со неа. Знаеш како...
ЉШ: И сега знаеш како, едно место. Да, да, да.
ГЈ:...мислам, ептен е. Одма ќе му завртам јас сега на Блерим.
ЉШ: Ѕврцни му да знае, значи едно место нека, да пуштат сега, па ќе го искомпензираме на следниот оглас и готово.
ГЈ: Тоа е во скопското, така?
ЉШ: Во скопското, да.
ГЈ: Океј, важи, одма ќе му завртам.
ЉШ: Ете така кажи му.
ГЈ: И утре ако имате вие, претпоставувам...
ЉШ: Во 12 имаме, да...
ГЈ: ...пред да почнете, се гледате...
ЉШ: Аха.
ГЈ:...мислам, онака на координација...
ЉШ: Апсолутно, ја ќе се договорам, ќе им кажам. Без грижа, без грижа тоа е моја работа.
ГЈ: Да им кажеме дека е таква работава. Тоа. Океј.
ЉШ: Готово, само пушти ми на порака што си направила Гоцо.
ГЈ: Одма, одма. Важи, одма ќе го побарам, па ќе ти јавам. Океј.
ЉШ: Важи, Гоцо. Поздрав.
ГЈ: Поздрав.
ЉШ: Чао, Гоцо, чао.
Разговор помеѓу Блерим Беџети и Муса Џафери
МЏ: Ало?
ББ: Муса, како си?
МЏ: Добар, Блерим.
ББ: Како иде?
МЏ: Добро, еве излезен, еден разговор имам, пред да идам накај дома. Ти?
ББ: Добро бе, еве бев накај канцеларија да работам малку... утре е изборот на обвинители, и ми се јави Гордана, едно место кое е наше, ме замоли дали може да им го оставиме ним.
МЏ: Каде?
ББ: Во обвинителството во Скопје, бидејќи кандидат бил синот на претседателот на Апелациониот суд. Рече, знам дека е ваше место, ама дека е важно место...
МЏ: Да, ама треба да ни дадат на друго место... бидејќи ние станавме веќе... ајде размисли ти што можат да ни дадат...
ББ: Вака стои работата... и последниот пат кога имало избор на обвинители, едно место му го дадов, едно наше место на Михајло Маневски...
МЏ: Е и ова сега... две места...
ББ: И уште едно место му дадов на овој пријателот, негов човек беше... тој пријателот, другиот, што не е во влада...
МЏ: Знам, знам... и овој сега...
ББ: Држи логиката на Гордана... вистина е, и ним им треба, но и нам ни треба...
МЏ: Ајде размисли го... стана многу ова... нека ни дадат тие нешто... размисли ти...
ББ: Ок. Ок.
МЏ. Ама што можат да ни дадат?
ББ: Ама слушај, утре ќе се отвори одма и онаа друга одлука... за оние средства за седум други места.
МЏ: Остај ти кога ќе се отворат места... туку за овие три наши што ги даваме... мораш да најдеш некој баланс.
ББ: Ок. Ќе најдам...
МЏ: Барај нешто конкретно...бидејќи овие нема утре да се секираат за тоа...
ББ: Ок, ок... Уште нешто, дали со тебе или со шефот да зборам, има едно место... во Високото јавно обвинителство, на местото на Сузана (Сузана Салиу)...
МЏ: Добро?
ББ: Во вашиот претходен мандат бил претседател на Апелационен суд Скопје... и кога ни беше тесно работата со тој Беќир Исени од ДПА, како член на Републичкиот судски совет ми помогна, кога ни беше тесно со бадинтер...
МЏ: А наш ли е овој?
ББ: Турчин е.
МЏ: Е ако не може он, кого би можел да ставиш?
ББ: Без врска беа некои други... небитни.
МЏ: Не знам бе... да размислам... да разговараме подоцна уште еднаш...
ББ: Ок, бидејќи утре во 12 .... да не го малтретирам шефот со овие работи...
МЏ: Ајде да ја видам последнава работа... сега не сум концетриран... ама тоа што тие го бараат и не ги компензираат, не ми се допаѓа... ние сме малку повеќе...
ББ: Широкогради...
МЏ: Ок.
ББ: Ок. Ајде.
Разговор помеѓу Блерим Беџети и Муса Џафери
МЏ: Кажи, Блерим?
ББ: Еј те изнамачив, ама и таму ме бараат... треба да им дадам пас...
МЏ: Се спремам уште... ама за тој случајот што треба да им го дадеме на овие... јави му се на претседателот ти...
ББ: Ја зборев со претседателот, за друга работа... и го прашав, он рече види со Муса...
МЏ: Види, Блерим, нема ништо против да имаме соработка... ама тоа место не е мало место... за колку време можеме да го компензираме?
ББ: Брзо ќе го компензираме... во други места.
МЏ: Ама во другите места, на исто ниво?
ББ: Да, да. Ќе ги компензираме... во принцип, послушај ме секунда...
МЏ: Да.
ББ: Од време на време ние ќе треба да направиме многу работи за нашите луѓе...
МЏ: Да.
ББ:...Бидејќи станува збор за првиот човек ( се мисли на претседателот на Апелација) мислам дека и овој пат треба да им го дадеме...
МЏ: Зошто? Зошто мислиш така?
ББ: А бе зошто... ќе ми се јавиш ти... а со овие луѓе ќе треба да ги правам тие работи... вреди.
МЏ: А ако биде наш, не можеш да ги направиш?
ББ: Гледај, се работи за синот на претседателот на Апелациониот суд во Скопје...
МЏ: Аха. И он сака да биде обвинител?
ББ: Да, да.
МЏ: Гледај, ако ти сметаш од аспект на... ја познаваш внатре структурата која ти треба, јас немам професионални и политички аргументи, дали вреди или не вреди... ме разбираш?
ББ: Не, не носи во рај уште еден плус... бидејќи е вака...
МЏ: Ама во иднина ќе има вакви места...
ББ: Денес, денес ќе има оглас за нови тројца во Скопје... обвинители, сите тројца ќе бидат наши.
МЏ: Ок.
ББ: За овој другиот... што да правам... за овој Турчинот? На местото на Сузана... татко ѝ е во Советот на обвинители, и кога беше Беќир Исени, мене ми помогнаа... кога ги блокирав да не го земаат судот во Тетово.
МЏ: Како се вика овој?
ББ: Овој во вашиот првиот мандат беше претседател на суд... Вели Ведат.
МЏ: Аха. Не знам дали мењавал страни сега... што мислиш ти?
ББ: Јас го познавам лично него... и го познава и татко ми... имам колегијални односи... што мислиш? Јас чувствувам дека имам долг кон него... ме поддржал два пати... кога сме блокирале... кога било критично.
МЏ: Кај сака да оди он?
ББ: Кајшто е Касам, во Високото обвинителство... и никогаш да не биде, тој Касам... бидејќи денеска сакам да го разрешам...
МЏ: Ајде.
ББ: Ама нема да биде шеф... за шеф сум нашол еден од Гостивар, бидејќи не ги исполнува условите...
МЏ: Значи, ќе биде висок обвинител, ама не шеф на обвинителите?
ББ: Да , да на местото на Сузана... каде била Сузана Салиу...
МЏ: Ок.
ББ: Се разбира, ако и овие пријателите, ако немаат нешто...
МЏ: Ајде тогаш види прво со тие пријателите...
ББ. Ок. Ок.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
СМ: Горде!
ГЈ: Еј, кажи Сашо?
СМ: Блерим ме бара, сака да бираме тројца обвинители на основен суд... на Основно јавно обвинителство.
ГЈ: Е па јас му реков. Он се јавуваше кај мене, и вика: тројцата, ова-она. Викам: неам насока, Блерим, за таа работа, нели пошто вие целиот пакет го договаравте, викам немам, викам. Ако ти е за брзо, слушни се со Сашо директно.
СМ: Ја, мислам, пошто и онака треба да ги известиме, дај да им ги избереме, пошто у понеделник сакаме да правиме Судски совет, да бираме судии.
ГЈ: Е ако де. Па јас затоа и сакав координација со тебе. Инаку реално таму, Сашо, немам гимнастики многу, мора да се од Академија.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров
ГЈ: Ало?
НТ: Горде, Нино е, што праиш?
ГЈ: Добро бе, Нино. Еве, сурфам малку...
НТ: Сурфаш?
ГЈ: ...да видам комуњариве што прават.
НТ: Што прават? Хаха. Ништо, што прават. Зулум. Зулум.
ГЈ: Сеир читам.
НТ: Зулум.
ГЈ: Ти што правиш?
НТ: Горде, знаеш зошто те барам? Овој Димитар Трајанов што ни е, таму у Комисија за ИТ, е сега го ставивме декан на новиот факултет...
ГЈ: Аха.
НТ: ФИНКИ што го направивме, тој на спотот што беше. Не знам дали го знаеш...
ГЈ: Не ми текнува, ама не е битно.
НТ: Е сега, неколку пути ме замолува, жена му конкурира сега таму за судија. Не знам како идат тие работи, он мене ме замолува за судија во тој Управен суд, сега ми пушта дека ќе се одлучувало во среда нешто. Па јас си земав обврска, неколку пати му викав: не се занимавам јас со тоа...
ГЈ: А бе види...
НТ:...не можам да ти завршам работа...
ГЈ:...ја да ти кажам..
НТ: ...и он сега ме моли, ме моли. Ми вика те молам само кажи и наша е ептен...
ГЈ: Ај пушти ми го името...
НТ: Вика...пошто е наша, тој е де факто наш, пошто човек у Комисија за ИТ ни е...потпретседател ли што е...
ГЈ: Да де да.
НТ: Е сега, види, ако имате нешто, не знам како да ти кажам...
ГЈ: Знаеш што е работата...
НТ: Чисто партиски ти кажувам...
ГЈ: Реално за овој конкурс многу тешко, пошто више договорени се, поделени се со ДУИ, вака-така, на два дена пред избор е.
НТ: Да де, јасно.
ГЈ: Ама за некој нареден, пушти ми ја да ја знаеме. Знаеш, оти некогаш едноставно ќе се склопат коцките и што се вика некој имал среќа, ама треба да имаш информација во тој момент.
НТ: Да. Ќе му кажам...
ГЈ: Така да, ти во секој случај пушти ми го името.
НТ: Да, ја ќе му кажам. Ја ќе ти го пуштам името...
ГЈ: Ти кажи му, спомав, вака-така.
НТ: Ќе ти ја препратам од него пораката, оваа сега што ми ја пуштил...
ГЈ: Мислам, ја тебе ти кажувам реално како е, за да знаеш, мислам и кога збориш, да имаш осет со каков тон да збориш.
НТ: Да, океј.
ГЈ: Океј Нино. Ајде, поздрав.
НТ: Важи, фала ти Горде. Ајде чао.
ГЈ: Ајде, чао, чао.
Разговор помеѓу Зоран Ставревски и Гордана Јанкулоска
ГЈ: Ало?
ЗС: Горде?
ГЈ: Е кажи?
ЗС: Можеш да збориш?
ГЈ: Можам, само еве. Водам комисија, да искочам, извини, секунда.
ЗС: А добро, бе добро, заборавив, не е итно.
ГЈ: Не бе, кажи, искочив.
ЗС: Еј...
ГЈ: Кажи бе, кажи.
ЗС: Види, овој копиљов од кај мене што ти кажував у Апелационен суд што аплицираше, инат тера. Значи не го повлекува од кај мене барањето, игра на картата за да изминат триесет дена пошто по автоматизам нели му следува решение...
ГЈ: Да де да.
ЗС: ...Од понеделник немало да оди на работа и ме изнервира право да ти кажам, сакам таму да му го загорчам животот. Можеш ли ти, по некоја партиска линија тоа да го направите? За да не бидам јас директно, да не дигам слушалка, него Стојче, или кој ти е таму да се јави таму и да рече: не може ова да се вработи, по партиски треба да биде вработувањето, и не ни е партиски...
ГЈ: Види, знаеш што може. Он сега фактички, Апелационен суд... мислам, може ова, да ти одговорам директно, ќе се јави денес. А, Апелационен суд ќе треба да бара обнова на согласност од тебе сега.
ЗС: Да де да, ја ќе им дадам за еден.
ГЈ: Не ти ќе им дадеш, таму десет се, ти за девет ќе им дадеш. И они ќе треба да се јават: кој? Ќе кажеме: тие и тие се океј, овој не е. Сфаќаш?
ЗС: Да. Тоа исто можам, пошто 2012 немаат они согласност, ќе треба да ја обноват од 2011.
ГЈ: Да де да, и не може да ги пријават. И ти кога ќе им дадеш девет место десет за пријавување...
ЗС: Ама да проверам јас, да не побарале и да не сум потпишал, да не сум превидел па...
ГЈ: А добро, океј. Иначе, ја секако ќе се јавам, ама пак да не нè зезнат негде знаеш. А ја ќе се јавам и у Агенција да водат сметка за овој.
ЗС: А не, ја у Агенција можам или од кај тебе овој?
ГЈ: Не, сеедно. Мислам ќе се јавам и јас, и ти јави се за да направиме систем на контрола.
ЗС: Добро, важи.
ГЈ: Нешто да се зезне работава, да се искомплицира.
ЗС: Да, пошто тера по свое.
ГЈ: Да де да, многу дрско.
ЗС: Не се покорува, дрско. А ја немам обичај на луѓето да им пречам во животот, ама овој пошто дрзок од прв ден и не ја научи лекцијата...
ГЈ: А бе и дури некој да е што е океј човек, еве згрешил, па да рече извинете, вака-така, битно ми е, шанса ми е, ради кариера, да разбереш така...
ЗС: Он пиша една порака така, извинувачка, ама се гледаше дека не е искрена, него си кажа дека, така се нашол он у целава ситуација у средина. Пази молим те, бистро дете е, не е глуп.
ГЈ: Да де да.
ЗС: Со положен правосуден е. И океј, добар работник ми е. Не е лош работник, уопште.
ГЈ: Па не, и таму он ептен високо рангиран е.
ЗС: И чесен човек е, и тоа исто. Ми е криво за целава ситуација вака што настана, ама штом сака сила да покажува, ќе добие удар со чекан, па да види на кого покажува сила.
ГЈ: Како му беше точно на него името.
ЗС: Кирил Доневски.
ГЈ: Да, оти ти ми го кажа тогаш...
ЗС: Од Велес е. Кире Доневски.
ГЈ: Да, да океј е. Ти ми го кажа тогаш, ама го немам кај себе.
ЗС: Добро.
ГЈ: Важи, ќе... Океј, ајде.
ЗС: Ајде чао.
Разговор помеѓу Софија Лаличиќ и Сашо Мијалков
СМ: Што праиш?
СЛ: Ништо еве во Охрид сум.
СМ: Има снег?
СЛ: М?
СМ: Има снег?
СЛ: Многу.
СМ: Многу!?
СЛ: Многу, да.
СМ: Е па тоа е добро. Ќе памтиме дека со првиот снег некои работи се завршиле.
СЛ: Ме зезаш?
СМ: Да, ајде, со среќа нека ти е!
СЛ: За кога?
СМ: Понеделник.
СЛ: Ме зезаш?
СМ: Не те зезам, бе. Само не збори на никој, ништо.
СЛ: Не, не, не.
СМ: На никој. Само за себе држи си го ова.
СЛ: Како!? Добро. А што сакав да те прашам. Другите кои ги договоривте?
СМ: Уште една таа од КС, како се викаше?
СЛ: Лидија Тупанчевска, ме зезаш?
СМ: Не, Петровска бе, не Тупанчевска.
СЛ: Тупанчевска се презива, таа му е на Тупанчевски братучетка.
СМ: А?
СЛ: Тоа ѝ е моминско, и е Тупанчевска, Петровска ѝ е од мажот.
СМ: Аха. Иначе која е, како е она?
СЛ: Па на Тупанчевски му е братучетка. Е значи го испуши кај Лидија, ѝ го испуши. Значи цел Сваровски ѝ го купи и го испуши.
СМ: Она ја предложи оваа, ама ако не, можам да ја откачам ја.
СЛ: Е што, она пушеше кај Лидија секој ден Сваровски поклони ѝ купуваше. И ја купи Лидија за поклоните сега... сум ти кажала за Тупанчевска уште пред година дена, нели сум ти кажала за Тупанчевска да памтиш.
СМ: Добро, ајде, нема везе ако му е братучетка. Имам ја братучеди што не ги ни познавам.
СЛ: И добро, друг?
СМ: Толку е што.
СЛ: Е па три места има.
СМ: Е па третото слободно е, до понеделник.
СЛ: Што збориш бе?
СМ: Каква е таа, кажи ми?
СЛ: На Тупанчевски му е братучетка. Јас многу фино стојам со неа, коректна е. Ама многу пуши, многу лиже г`зови, вештачка е. Кај мене, не знаеш, она почна да ме части, бесплатни козметички работи...
СМ: Ама сега, ќе ја викам ја неа кај мене, ќе ја видам ја, тоа не може да пројде така.
СЛ: Ти не знаеш каков г`золижач е. Мене ме частеше ваучери за да идам на козметичари за да ме купи за ова.
СМ: Таа утре ќе се сврти, а?
СЛ: Таа? А бе како да ти кажам. А бе за Вики на Жане Белозова сестра ѝ, не завршивте работа?
СМ: Што?
СЛ: За Вики, на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?
СМ: Не...
СЛ: Зошто?
СМ: Ама може да и завршиме.
СЛ: Дај бе завршете.
СМ: Она за каде е?
СЛ: Или за кај нас, или за некаде друго ставете ја жената. 53 години има, Шеес второ годиште е.
СМ: А сега каде е?
СЛ: Самостоен советник е у Судски совет кај Александра.
СМ: Не е судија?
СЛ: Вики Арнаудова. Не.
СМ: Е па ја не знам по име, затоа.
СЛ: Таа е таа што збореа...
СМ: Добро де, има време до понеделник.
СЛ: Е така.
СМ: Има време до понеделник.
СЛ: Добро. Друго?
СМ: Нема ништо. Еве, сакав да ти кажам, како што ти реков вчера...
СЛ: Одлично.
СМ: Така и денеска се заврши.
СЛ: Добро, е па сега живели ќе направам.
СМ: Па кога ќе се заврши работата ќе се частиме, ајде.
СЛ: Важи, договорено.
СМ: Ајде, чао.
Разговор помеѓу Светлана Костовска и Сашо Мијалков
СМ: Ало.
СК: Ало.
СМ: Светле, што праиш?
СК: Еве се спремам, директоре.
СМ: Се спремаш а?
СК: Да.
СМ: Е па, сакав да ти кажам една работа сега. Ќе те бираме за судија или не те бираме?
СК: Како нема да ме бирате?
СМ: А?
СК: Јас би сакала да ме бирате.
СМ: Е па добро, јас средив работа да бидеш избрана.
СК: Да?
СМ: Да. Што значи, ќе треба да ме частиш.
СК: Еее, цел живот ќе ви бидам должна!
Напомена на Окно: На неколку места, обележани со (...), ги скративме транскриптите.
Извор: Нова ТВ / СДСМ