Средношколски марш

20.03.15 12:02

Неколку илјади средношколци вчера маршираа на улиците во Скопје, но и во неколку други градови во Македонија, истакнувајќи транспаренти „Ние сме иднината“ и „Сега ќе нè слушнете“, почнувајќи од Градскиот парк и упатувајќи се до зградата на Министерството за образование и наука.

На овој марш студентите уште еднаш ги истакнаа своите барања до МОН за стопирање на реформите во образованието и концептот за екстерно тестирање кој започнува да се спроведува од оваа година. Со овој закон, меѓу другите промени, испитот по математика станува задолжителен за сите средношколци, без оглед на примарните предмети на програмата по која учат и идните планови за студирање и продолжување на нивното образование.

Протести се одржаа и во Тетово, Ресен, Куманово, Неготино, Битола, Струга како и во други градови. Постоеше и обид за оцрнување на протестите преку анонимна кампања со постери на кои пишуваше дека средношколците се платени за да протестираат, се вршеа телефонски притисоци да не се излегува на протест, а некои училишта дури ги заклучија вратите за време на протестите.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото