Славната архитектура од перспектива на чистачката

20.03.2015 13:28
Славната архитектура од перспектива на чистачката

Кога во 2008 на Венециското биенале беше прикажан документарецот „Koolhaas HouseLife“ многу бро стекна углед на најпознат филм за архитектурата. Филмот донесува приказ на познатите куќи на Кулхас изградени во Бордо 1996 година. Она што е ново и иновативно во приказот на архитектурата, а воедно е забавно и духовито, е фактот дека филмот за ова ремек лело на современата архитектура ни раскажува преку рутината и анегдотите на Гвадалупе Акедо, жената чијашто работа е чистење и одржување на куќата.

Авторите на филмот Ила Бека и Луј Лемоан благодарение токму на ова дело станаа „култни личности на европското архитектонско милје“, како што ги нарече Њујорк Тајмс, но не застанаа тука. „Koolhaas HouseLife“ е можеби најпознат, но не и единствениот филм во серијата Living Architectures која ѝ пристапува на архитектурата не со очи на стручњак, туку на лицата кои секојдневно престојуваат во неа. Иако двајцата стручњаци во својата област, Ила Бека студирала архитектура, а Луј Лемоан филм и филозофија, авторите одлучиле да го демократизираат јазикот со кој се зборува за архитектурата, да го направат субјективен и личен. Затоа нивните филмови за архитектурата не се фокусирани на тоа стручно да ја објаснат зградата, нејзината структура и техничките детали. Тие му даваат на гледачот пристап во секојдневната интима на архитектурата.

За да постигнат таков спонтан приказ им помагаат луѓето кои ги затекнуваат таму. Така во филмот „Pomerol, Herzog & De Meuron“ за архитектурата која овој славен тим ја проектирал за едно од најпознатите лозја зборуваат берачите на грозје кои се собираат на ручек во зградата. Свештеникот и неговите верници го откриваат животот во новата црква на Ричард Маер во Рим во филмот „Xmas Meier“, а под насловот „Gehry’s Vertigo“ чистачите кои ги се качуваат и ги чистат прозорците ја откриваат комплексноста и вртоглавоста на формите на Гери во Билбао. Чуварите, чистачите и другиот помошен персонал ни ги приближуваат трите мали ремек-дела на Ренцо Пијано во филмот „Inside Piano“.

Сепак, денес Бека и Лемоан прифаќаат и нарачки од архитекти, музеи и други институции. Така настана и нешто покомплексниот филм „Барбиканија“, кој донесува 30 видео портрети снимени во текот на еден месец долгото истражување на бруталистчкото здание на Barbican Estate во Лондон. Моментално работат на зданието „8 House“ во Копенхаген, по нарачка на Bjarke Ingels Group. Додека внимателно ги слушаат луѓето кои живеат во архитектурата, нивните филмови дишат со животот на архитектурата.

KOOLHAAS HOUSELIFE

POMEROL, HERZOG & DE MEURON

XMAS MEIER

GEHRY’S VERTIGO

INSIDE PIANO

BARBICANIA

Извор: pogledaj.to