Како се чита книга

21.03.2015 02:15
Како се чита книга

Книга може да се чита и со затворени очи,
Но никогаш, под никакви услови не смее да
Се чита со затворено срце.

Книга може да се чита
Одзади,
Однапред,
Одлево надесно и
Од десно налево,
Но никогаш вместо
Оти книгата не стои,
Се движи,
A со себе
Те движи и тебе.

Книга се чита
Како што се милува девојка
Како што се јавува дома положен испит
Како што се чува последна петстотка од плата
Како што се јаде крушевско грне
Охридско ѓомлезе
Скопска симит погача
Штипска пастрмајлија

Книга се чита
На тераса дури сонце изгрева заоѓа пече
врне вее студи жеже
Во кујна дури се вари млеко и супа
На бетон (само да не те види баба ти)
Во школо скриен во празна училница
На гости дури ти варат сиктер кафе

Книга се чита
За на фејсбук
За на инстаграм
За на ум,
Но никогаш за џабе.

Слика: Карл Хансен

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото