Тест

22.03.2015 13:55

Што е антипоет?
Трговец со урни и мртовечки ковчези?
Поп кој не верува во ништо?
Генерал кој се сомнева во себе?
Скитник што се подбива со сè,
па и со староста и смртта?
Лош соговорник?
Играч на раб на бездна?

Нарцис вљубен во целиот свет?

Мрачен шегаџија
смислено беден?
Поет кој спие во фотеља?
Алхемичар на новите времиња?
Џебен превратник?
Мал буржуј?
Дрдорко?
           Бог?
                   Невин наивко?
Селанец од Сантијаго во Чиле?

Подвлечете ја реченицата што ја сметате за точна.

Што е антипоезија?
Бура во чаша со чај?
Праменче снег на карпа?
Чинија полна со човечки измет
како што мисли отец Салватие?
Огледало што кажува вистина?
Шлаканица врз образот
на претседателот на писателското здружение?
(Господ нека му подари рајска населба.)
Опомена за младите поети?
Мртовечки ковчег на млазен погон?
Мртовечки ковчег на гравитациска сила?
Мртовечки ковчег на мочуришен гас?
Огнена капела без покојник?

Со крвче обележете ја одредницата што ја сметате за точна.

Препев: П. В.

Никанор Пара (Nicanor Parra, 1914), чилеански поет, математичар, физичар... Станал славен како „антипоет“ оти бил незадоволен со поетските апстракции, метафоричките претераности и учаурениот херметизам на современата поезија. Вели: „Ние разговараме со обичен јазик а не со кабалистички знаци“. За да ја демистификува суштината на возвишените искуства се користи со црн хумор, со одредени надреалистички методи, претерувања, вулгаризми, намерно евтини јазички конструкции... со еден збор: со Антипоетичност. На 5 септември ќе полни 101 година.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото