
Со големо жалење и тага во срцето прашувам:
Зошто, ама зошто никој од другите народи во Република Македонија (со мали, незначителни исклучоци) не го поддржа одамна најавениот протес на нашите Роми пред Владата, којашто ги третира како топовско месо и ќе ги влечела за уши на секои избори?
Зошто никој не го чу апелот и не го зеде како сериозен повикот на господинот Самка Ибраимоски, дека се врши страшен притисок и тортура врз Ромите да дојдат и да си го искажат своето демократско право за политиките на режимот пред Владата на Република Македонија?
Да потсетам: и Ромите ги имаат истите права како и другите народи во Македонија, според важечкиот Устав... и не ми е разбирливо зошто си ја трошиме енергијата на промоција на некои личности кои долги години молчеа, а сега се освестиле?! Ова е мултиетничка и мултинационална држава, другари и другарки, дами и господа... не заборавајте. Уште ли ќе ги третираме како „Ѓупци“ или „Цигани“???
Можам да кажам само: СРАМОТА!
Извор: Фејсбук профилот на авторот, 21.03.2015.
Слика: Свирачиња