Застрашувачки е тоа што ЕУ, НАТО и ОБСЕ не се огласуваат за „Циганите“ и „Шиптарите“

23.03.2015 13:13
Застрашувачки е тоа што ЕУ, НАТО и ОБСЕ не се огласуваат за „Циганите“ и „Шиптарите“

Не беше толку одамна за да ја заборавиме сцената кога Амбасадорите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и заменик Амбасадорот на САД (бидејќи на Волерс како докажан радикален десничар му пречеше) се редеа како аптекарски шишиња среде Стара Чаршија за да (со право) протестираат против нападите на канцеларијата на ЛГБТ заедницата. Се сеќаваме како со помпезно празен глас и изрази на гадење Аиво Орав даваше завет дека нема да се смират барајќи казна за зулумќарите и хулиганите кои ја напаѓаа канцеларијата.

Но потполно истите западни „демократи“ со недели веќе си ја држат устата затворена и со ниту еден збор на осуда за нивните политички и интимни пријатели кои фаќаат „Цигани“ за уши и „Шиптари“ за врат. Барем едно заедничко писмо за осуда на хулиганскиот речник и однесување на нивните пријатели, кое во основа е илјада пати похулиганско и пошовинистичко од актите на грст млади хулигани. Да не заборавиме дека некои од тие млади денеска служат затворска казна, додека пак Амбасадорите на ЕУ, САД, НАТО, ОБСЕ сè уште не наоѓаат за сходно барем гласно да протестирааат, а камо ли да побараат ригорозни санкции против државните службеници загноени со расизам и шовинизам.

Впрочем, замислете некој политичар од некоја соседна земја да беше фатен додека искажува слични навреди кон некои други етнички заедници. Замислете ги реакциите на Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз, Лондон, осудите и врескањата по нивните весници и меѓународни форуми.

Ќе кажете дека ова е потресно. Јас би кажал дека е индикативно и застрашувачки. Бидејќи, во духот на народната мудрост, нивниот тврдоглав молк дава прилина да се верува дека длабоко во себе тие се во согласност со искажаните навреди упатени кон „Циганите“ и „Шиптарите“.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

Слика: Рори Курц