Реминисценции однапред

24.03.2015 16:14

Гладувавме. Немавме ништо.
Но имавме леб.
Немаше што да се јаде.
Но имаше домати во изобилство.
Стававме домати врз лебот.
Ништо немавме, но кромид имавме.
Го стававме врз доматите и лебот.
Гладувавме, но маслинов зејтин стававме
врз кромидот, доматите и лебот.
Имаше изобилство домати
и ги јадевме во подножјата на брдата
со кромид, маслинов и леб.

Гладувавме. Немавме ништо.
Но пехар имавме.
Однатре пехарот беше бел.
Розикав однадвор.
Розевото беа гранките од ружа.
Ништо немаше.
Но постоеше белото и розевото.
И имаше листови.
Листовите беа обоени златно
крај розевите ружи однадвор
на тој бел пехар. Ох, ништо немавме.
Белото во пехарот, и розевото,
и златните листови.
Беше празен. Ништо немаше.

Но имавме прозорец.
Имаше некои риги
потаму од прозорецот, беа од дрво.
Ригите беа тарабичка крај прозорецот,
а таа се наоѓаше на тремот.
И имаше скали
што се спуштаа до оградата, а врз оградата
чекореа мачки со своите опаши,
шпартајќи напред и назад.
Гладувавме. Немавме ништо. Празно, глад, ладно.
Имаше рибник.
Немавме ништо, искрено речено.
Рибникот беше мал.
Не можевме да видиме.
Можеби имаше нешто.
Но беше мал и темен.
Стварно не можевме да видиме, но имаше трева
по рабовите: гледавме како се ниша,
а водата се темнееше.
Немавме ништо. Бевме толку близу
баш до ништото. Од нашата тарабичка
преку врвот на оградата, додека го држевме
нашиот пехар и јадевме
од нашите домати, маслиново и лебот,
гледавме во рибникот.
Не можевме да видиме ништо, немавме ништо,
но изгледа
синиот рибник беше надежта
која можеше да се растури сама
и да отплови далеку.

Ништо не можевме да видиме. Гладувавме.
Ништо немаше. Беше празно.
Имаше маслинов зејтин и леб.
Постоеше белиот пехар.
Постоеше тарабичката и врвот на оградата.
Беше тажно и сè потажно.

Препев: П. В.

Моли Тененбаум (Molly Tenenbaum, 1957), американска поетеса, музичарка, професорка. Родена во Лос Анџелес. Предава Композиција во Сиетл. Во поезијата е склона кон јазички истражувања, посебно во семантичките споеви. Контрадикторните фрази - како што вели самата опишувајќи ги сопствените песни - во целина не се поништуваат, туку секогаш преостанува нешто што ја одржува напнатоста и ја чува вистинитоста на исказот дури и кога тој е лажен.

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото