Старлета која не може да најде работа по струка принудена да бара друга работа

24.03.2015 16:52
Старлета која не може да најде работа по струка принудена да бара друга работа

Скопје, 24 март 2015

20-годишната старлета Тина Карера од вчера тргна во потрага по работа надвор од својата струка. Како што дознаваат Пара вести, таа е принудена да побара некое друго занимање зашто веќе подолго време не успева да работи како старлета.

„Има повеќе од една година како не можам да најдам работа по струка. За постојана работа не ни размислувам. Дури ми престанаа и повремените ангажмани, но тоа веќе беше на сметка на некои стари пријателства. Дефинитивно помина златното време кога можеше да работиш 'full time' и притоа да живееш убаво“, ја започнува Тина својата приказна.

Оваа старлета додава дека иако има повеќе потреба за нејзината струка, пазарот ја обезвреднил нејзината професија. Како што вели самата, денес повеќе не се цени ниту знаењето, ниту искуството.

„Ако имаш некој што ќе ти заврши работа за 50 евра, зошто би платил некому 200 евра? Нас старлетите толку нè има, што веќе на работодавците воопшто не им е важен квалитетот. Штом се укаже некоја позиција, се создава неопислива навала, а секако дека работат и врските. И џабе што јас сум Тина Карера, кога овие младите имаат исто искуство, а понекогаш и десет години помалку.“

Тина напоменува дека, да може да се врати времето, уште порано би се преквалификувала за некоја друга професија, но дека тешко оди откажувањето од старлетизмот, затоа што уште од малечка најмногу се пронаоѓала во тоа.

Извор: www.njuz.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото