Кугла-притискач

25.03.2015 16:45

Спокој владее со сцената во куглата-притискач:
Бело куќиче, смеа на маж и жена,
Длабок снег. Додека ја вртам на дланка
Посматрам како во другиот живот вее,

Во другиот свет, дознавам од таа глетка
Што е повлеченост: таа чај му принесува
Еднаш засекогаш, облечена од грлото до стапалата
Во истата драга облека. Во таа играчка, историјата

Низ стакло е просеана како снег, а ние
Се прашуваме дали тоа скромно дело кажува
Доволно за начинот на којшто таа сака и гледа ли
Тој сенки на небото. Далеку од нашиот допир,

Надвор од нашите животи, се смеат, пијат чај,
Ги гледаме баш како што ноќта зиме
Се наведнува со својата бескрајна празнина
Да го види нашиов осамен мал свет од светлина,

Со снег прекриен, снег и во облаците над него,
И виори и наноси предлабоки за да разбереме.
Сеуште, настојувам за него по малку да мислам,
Иако е премногу зима во мојата глава и дланка.

Оригиналната песна

Гјертруд Шнакенберг (Gjertrud Schnackenberg, 1953), една од попознатите и поценетите американски поетеси, со многу престижни награди. Главна тема ѝ е историјата (можеби зашто татко ѝ бил професор по историја); често во елегичен тон таа пее за минатото кое во нас се вселува или фантомски нè опседнува; историјата ја третира како медиум за чувствата и мислите. Стихот ѝ е силен, танцувачки, музикален, укотвен во пентаметарот дури и кога е неправилен.
Шнакенберг била мажена за познатиот американски филозоф, Роберт Нозик, кој почина во 2002.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото