Црнчев по бродови и формирав работнички синдикати додека ти, Јанко, го товеше г’зот на државно директорско дете!

27.03.2015 12:37
Црнчев по бродови и формирав работнички синдикати додека ти, Јанко, го товеше г’зот на државно директорско дете!

Вчера безмалку пола емисија Јанко Бурек посвети за плукање по мене. Дури им дозволи и на своите гледачи да плукаат по мене, се јави еден суртук кој бил со мене на брод, па раскажуваше за мене приказни како теткица на кафе кога зборува со раката на уста и при зборувањето вдишува воздух наназад. Тоа зборување на нашите постари жени најмногу ме вади од такт и мислам дека е светски уникат...

Гледачот кажа дека сум влегол преку врски на високи позиции на брод?! Замислете која е тоа небулоза! Интервјуата за на брод ги прави менаџерот за ХР на светската компанија Карнивал Крузес за цела Европа. Не ми текнуваше како се викаше човекот, беше тоа пред 7 години, но знам дека човекот имаше боговски статус во оваа бранша и при подготовките за интервјуто македонската компанија Коузон дури нè спремаше во поглед на тоа да дознаеме кое му е омилено кафе и што сака за појадок, иако не разбрав зошто беше тоа потребно, веројатно да ни изградат еден респект од митски димензии за човекот. Но тој навистина беше за сите нас бог спасител, со еден негов потпис тој можеше да те одбие и да те лиши од 10.000 евра годишен приход во моменти кога ние немавме ниту 10 денари во џеб и тие 10.000 евра ни се чинеа како добивка на лото! Добро, овие пари и сега за мене се научна фантастика, ама сега е друго, знам како да направам барем десеттина од тоа, тогаш како тазе дипломирани и неснајдени оваа пара ни се чинеше како да сме ја фатиле Џенифер Лопез за газ!

Освен примањето на брод, човекот понатаму можеше да ти ја запечати судбината и на самиот брод. Ако те прати како помошник келнер, ќе видиш колку-толку бел ден и ќе направиш пари, но ако те прати како келнер почетник, е тогаш си го ебал ежот, ниту пари ќе направиш, ниту ќе останеш жив, затоа што тоа значеше дека те бутаат да работиш во мензата каде се храни персоналот, те оставаат сам со едвентуално уште двајца да се грижите за 1.000 луѓе кои ручаат и вечераат нон-стоп, 24/7, затоа што на брод се работи во 3 смени и мензата работи 24/7, па и се јаде 24/7. Другарите од Македонија и од другите земји на кои им се падна таа лоша судбина да го работат ова се откажуваа по неколку недели, а јас не можев да ги гледам од жал па го вртев погледот, затоа што беа усмрдени, изморени, без да видат бел ден, со месеци неплатени, осамени, бидејќи го немаше оној момент на разговор со гостите кој ние го имавме со работење во рестораните и на палубата...

На брод нема ден или ноќ, тоа е како рудник, влегуваш и после 6 месеци излегуваш без ниту еден слободен ден, без ниту еднаш да се отспиеш како човек, без ниту еден ден без да бидеш навреден и малтретиран од шефови, без ниту еден ден да немаш плускавци на рацете на нозете, без ниту еден ден да не се изгориш, исечеш, сопнеш, шинеш нога, рака, врат, грб, а често имаше и тепачки меѓу персоналот, затоа што сите беа нервозни, напнати, без друштво, осамени, разделени од сопругите и девојките и децата и родителите и пријателите, преработени, измалтретирани итн., па сите луѓе на бродот беа нагазна мина пред пукање и малку требаше да избувнат жестоки расправии и тепачки!

Темпото со кое се работеше исто така беше посебна приказна. Значи, на брод персоналот не одеше пешки, тие цело време некаде трчаа, и тоа по 18 часови дневно! Само 6 часови дневно имаше персоналот за себе и требаше да бира - дали ќе оди да провери мејл на супербавниот интернет на сред море со сателитска чинија или да оди да испере алишта во машината која се наоѓаше на најдолната точка на бродот, што за да се стигне до неа ти требаше пола саат здраво одење по скали и лавиринти и коридори... Одењето во дискотеката и пиење некое пиво автоматски значеше свесно откажување од спиење и работење утредента како зомби со отворени очи потпрени на чачкалици!

Значи, овој менаџер од компанијата не можеше никој да го купи и да фати врски со него, затоа што според староста, висината на позицијата и високиот профил на компанијата за која работи, сигурен сум дека неговата плата беше околу 20.000 долари месечно, а и оставаше впечаток на авторитет кој е посветен на компанијата, па не верувам дека би прифатил со врски да прима неквалитетен персонал на позиции кои не ги заслужуваат. Јас навистина влегов од старт високо во хиерархијата на брод, ама тоа си го одработив, две недели волонтирав во хотелот Александар Палас за да ги научам вината и специјалитетите кои се светски познати, читав книги, а се позајмив и купив нов костум, знам перфектен англиски а и имав работено со години по скопските кафани и ресторани, па од прва влегов на позиција која од 100 кандидати само четворица ја добија!

Ова очигледно разлутило многумина, како и тоа копиле што ти се јави во емисија па плукаше по мене и се ситеше како сум бил уморен на брод, како сум бил скапан, како тешко сум го поднесувал бродот и целиот тој пакет. Да, така беше, тешко ми падна сето тоа на брод, затоа што сепак јас отидов таму со диплома од ЕТФ и со една година искуство како инженер во банка. Отидов затоа што ми требаа пари за да му помогнам на брат ми да студира во Скопје на приватен колеџ, со кој потоа сакаше да се вработи во Англија и сакав да му помогнам, затоа што со брат ми имаме голема конекција и пожртвуваност еден за друг. Но и не ја сакав работата во банката. Сакав да го прошетам светот, сакав да ги видам Карибите, Алјаска, САД, Јужна Америка, и навистина тоа беше неверојатно искуство. Брат ми сега е во Англија, јас имам едно големо искуство плус кое секако дека е капитал. Би им препорачал на сите кои сакаат да направат брзи пари со чесна работа а и да се прошетаат, да одат на брод.

Е сега, тогаш бев левичар, па на крајот на договорот кренав бунт на бродот, направив синдикат, почнавме штрајк затоа што не ни дозволуваа да одиме во тоалет, замислете до каде одеа, но тоа сепак од денешна перспектива мислам дека ми беше грешка. Сега сум либертаријанец и мислам дека бродските компании колку и да изгледа дека ги злоупотребуваат сиромашните луѓе од цел свет кои доаѓаа од пропаднати земји - на беџовите на сите вработени можеа да се видат само банана земји од Африка, Јужна Америка, Азија и Европа меѓу кои за жал беше и нашата Македонија - сепак мислам дека овие бродски компании нудеа одлична можнот за илјадници луѓе кои со тешка работа стекнаа голем капитал со кој си купија куќи, станови, коли, а инвестираа и во бизниси.

Она што ми е многу чудно е што Јанко Бурек се клештеше и ме исмеваше за целата таа работа. Замислете, дебело гнасно копиленце, син на директор на државна фирма, педерче кое ниту факултет учело, ниту нешто тешко работело, живеело во центарот на Скопје, па ниту знае како е да се живее во студентски дом, како е да се патува илјадници и илјадници километри со претрупани стари автобуси и на снег, кои заглавуваа па мрзневме со часови чекајќи да нè одглават, како е да се влечат торбици по автобуси, како е да се живее далеку од дома гладен, усмрден, измрзнат, човек кој не знае како е да се студира тежок факултет, човек кој поим нема што е физичка работа и тоа во Македонија, а не пак да оди по цел свет и да работи на брод што се клати, а ти носиш послужавник па пијачките ти денсаат, одиш во 6 сабајле на палуба со ветар и бранови од 10 метри, а не си спиел како човек 6 месеци! Значи, сето тоа за ова копиле мрсно е научна фантастика, па земал, се опнал на тоа масата, се оклештил со тоа штрбите заби и се кези како кретен, пицајзла една курвинска. Сè му било овозможено во животот, сè му било дадено на послужавник, куќата му е од татко му, дете на директор на Фото Центар, фирма гигант, врски секакви, можел да биде што ќе посака, доктор, инженер, политичар, судија, адвокат, бизнисмен, уметник итн., а сè што успеал е да стане дворски шут, режимска курветина, лажов кој си го лаже и манипулира народот и се гребе за некој џепарац од Грујо! И тој најде мене да ми се смее, племето да му го ебам ненормално!!!

Јас си ги знам лимитите и не сум арогантен и егоист, ама за тебе Јанко знаеш ли што сум? Исус. За тебе сум Исус!

П.С. И немој да се филмаш дека ти ја гледам тоа посраната емисија. Вчера панично ме бараше пола Фејсбук да ми каже дека си ме зборел. Јас прво им се заблагодарив, потоа ја гледав репризата до пола, па им напишав на сите тие дали се нормални што те гледаат?! Мислам дека оваа земја има две групи луѓе, тие што те гледаат и тие што не те гледаат. За сега тие што те гледаат се во голем број и тоа е лошо, тие се жртви на една голема манипулација, една перфектна манипулација, ти може си ретард, гнаса курвинска, подмолно бедно копиле, но сепак ти симнувам капа, ти се имаш истренирано до перфекција како да ги манипулираш масите, па ред религија, ред комунизам, ред релативизација, ред исповеди, ред вицови, ред дудалње и пушење со голтање, па ред добротворни акции, па ред музика, па ред технологија, па гледачи, па дури и се декларираш како независен, објективен и неутрален?! Јаооо, невероватно гоменце си ти младичу!

Извор: Мактел, 26.03.2015.
Слики: Свирачиња