БАРАБА е мал збор

28.03.2015 18:03
БАРАБА е мал збор

БАРАБА е мал збор што некој треба да го употреби за теророт којшто е извршен во овој Џукелополис! Сега конечно сфативте дека сме поразени и дека никој не може да нè извади од оваа катакомба наречена Скопје и Македонија. Окупацијата се одвива по совршен план. Планерите се обични разбојници. Сценариото под наслов „Теле“ е ништо друго туку врвно идиотски криминал на група предатори кои крстосуваат низ натрупаните скопски улици и грабаат сè по пат.

Имам само една порака за сите што извлекоа корист од овој ентерпрајз: Скопје ќе биде вашиот крај... Ве следат и вашите и нивните... Џабе ќе ви биде и Латас и Клатас. Гелевски е мал почеток на состојбите што набргу ќе почнат да се отвораат и тука нема никаков третокласен експерт да помогне. Ќе извадиме милион и еден Кољи, бидејки немаме каде...

Извор: Фејсбук профилот на авторот

Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото