По лажните профили, Фејсбук најави дека ќе ги гаси и профилите на лажните бранители

30.03.2015 14:53
По лажните профии, Фејсбук најави дека ќе ги гаси и профилите на лажните бранители

Скопје, 30 март 2015

Голем број самонаречени бранители на Македонија деновиве од Фејсбук добиле известување дека профилот ќе им биде замрзнат доколку не успеат да докажат дека не се лажни бранители.

За да можат повторно да пристапат до својот профил, тие ќе мораат да ги уверат администраторите дека нивните активности не се обичен параван за криење на криминалот на власта.

„Многу корисници од Македонија на нашата социјална мрежа самите си доделуваат статус на бранители, а некои од нив дури се нарекуваат и дисиденти. Но, откако внимателно ги проучивме содржините на нивните профили, сфативме дека тоа не одговара на реалноста“, изјави Марк Закерберг за Пара вести.

Рокот за докажување на бранителскиот и патриотски статус е 15 дена по известувањето од Фејсбук.

Адаптирано од: news-bar.hr