Перо, уште ли им даваш поддршка на Иванов и Груевски?

31.03.2015 01:38
Перо, уште ли им даваш поддршка на Иванов и Груевски?

Добро Перо, ја знам дека ти цел живот си се вешал на тоа обручот и си трчал по топката, и во тоа главата имаш само една бразда на која се запишани десетте правила у кошарката и како се става потпис на договор и банков вирман, ама дај бе коњу еден биди свесен како беше злоупотребен од страна на режимот! И сега, додека гледаш како пукаат бомбите, земи јави се на ФБ или некој медиум и огради се од овие битанги, лопови, хохштаплери, насилници, лудаци и манијаци!

Твојот договор со Атланта Хоукс е на неколку милиони долари. Ти за тие пари цел живот си се потел, си јадел ќотек под обрачите, а една година во НБА е како во рудник. Но овие копиљаци тие неколку милиони долари ги прават за 10 минути! Како од шала. Ама тие пари ги крадат од нас, народот кој крпи крај со крај и деновиве не можеме ни мртвите да си ги донесеме од странство; уште потешко остануваме живи.

Биди бре, Перо, фраер и чесен пред македонскиот народ - и застани на негова страна! Размисли како во САД, каде што работиш, би реагирала јавноста и кошаркарите ако се дознае дека Обама украл од буџетот милиони долари, местел избори, се заканувал на опозиција, влечел за уши црнци и хиспаноси, поткупувал медиуми, бркал новинари, купувал имот под туѓо име итн. итн. Па тоа ќе имаше бре целосен бунт и востание! Америка ќе застанаше, целосно ќе престанеше да функционира!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња