Културниот центар „Кула“ го слави првиот роденден

31.03.2015 11:20
Културниот центар „Кула“ го слави првиот роденден

На 1 април (среда) независниот културен центар „Кула“ со почеток во 20 часот ќе го прослави својот прв роденден. Во прилог на роденденската атмосфера, ќе имате прилика да погледнете ретроспективна изложба од плакати, фотографии и видеа од целокупната едногодишна програма на „Кула“. Авторите на изложбата ќе бидат главно самите активисти кои ја градат организационата целина во „Кула“.

„Мошне сме среќни што бележиме една година од постоењето на 'Кула' и што можеме да ви најавиме динамична и автентична програма која ни следува. Би сакале првенствено да им се заблагодариме на нашите пријатели и следбеници, кои нè поддржуваа во текот на целата година. Истовремено ги покануваме сите љубители на културно-уметничкиот производ да ни се придружат со присуство или учество во нашиот програм. Единствено заедно, можеме одново да го забрзаме ритамот на овој бетонски-студен град и да му ја вратиме душата на Скопје“, велат од „Кула“