Шекеринска заслужува респект зашто во Брисел морала да руча со груевистичките хохштаплери!

01.04.2015 08:10
Шекеринска заслужува респект зашто во Брисел морала да руча со груевистичките хохштаплери!

Политиката некогаш знае да биде неподнослива. Затоа ѝ се восхитувам на Радмила Шекеринска. Ја натераа да седне и да руча со луѓето кои ја исфрлија од собрание како партал, а од снимките се гледа дека државата ја претвориле во лудница а нејзиниот лидер го натерале да спие во партија за да не го уапсат или да не упаднат во партијата и да ги украдат снимките на кои е фатен целиот државен врв како краде и ги крши Уставот и законите.

Ја не би можел да го истрпам тоа. Ја би ги избодел со виљушката и така избодени би ги фрлил преку стаклото на зградата на ЕП!

Какви ли ортома нерви треба да имаш за да седнеш на ручек со овие лудаци, лопови, изроди, хохштаплери, хиени, гадови, смрадови, шупаци, ропаци, бездушници, гниди, ашљаци, пореметени садисти!

Какво ли срце и стомак треба да имаш за да не се задавиш со лепчето додека јадеш и го гледаш брадестиот сурат на Илче Гебелс, Кољо Нинџата и оној пекмез што глуми лудило, министар иностраних послова?!

Ја одма би стрчал у тоалет и би го имал најгадниот пролив во животот. Додека повраќам во кофата за тоалет папир.

Затоа, Радо, ти денеска положи голем испит. Ти си, жено, државник. Штом заврши денот а не слушнавме дека ти си задавила некој од тројцава; дури ниту Илчета Гебелс кој е мал џгољав и не знае Кунг Фу, е тоа е голема штета но во исто време и голем тест за тебе, кој ти го положи. Штом се справи ладно со овие смрадови и сподоби, ти Радо ќе можеш добро да се носиш со државничките предизвици кои те чекаат. Ќе можеш да седиш на маса со нашите соседи, особено со Грците. Ќе можеш да преговараш со тешки изроди кои не ѝ мислат добро на земјата, но ќе го правиш тоа за добро на земјата.

Како што и денеска преговараше со изроди кои не ѝ мислат добро на Македонија, но тоа го направи токму за доброто на Македонија. Браво, дечки од СДСМ, ви се восхитувам!

И денеска заклучувам дека ја не сум за политика. Премногу сум живчан. Ја денеска тројцата ќе ги оштетев сериозно, така добро ќе ги исплескав што имаше да ја паметат таа сцена цел живот, имаше да се потат и будат у сред ноќ додека се живи, поради кошмарите и пост трауматското растројство после тоа искуство со мене во зградата на ЕП во Брисел. Не можам бе со овие стоки да седам на маса после сè што дознавме дека направиле со нашата земја и со нашите пари!

Ама ја сум ја, и никад нема држава да водам. Вака ќе си лаам по колумни и можеби ќе водам емисии и ќе правам некои медиумски спектакли. За водење држава треба нерви. Ја одамна ги изгубив. И, за жал, мислам дека не сум само јас. Со вакви неправди и вакви хорор реалности, навистина сите сме на чекор до тотално лудило. Добро е што се ближи крајот на овој хорор филм.

Слика: Свирачиња
Извор: Мактел, 30.03.2015.