1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 02:59
Скопје, 1 април 2015
Македонскиот премиер Никола Груевски на свечената седница на ВМРО-ДПМНЕ во ресторанот „Душко долгоушко“ им го честиташе празникот на своите сопартијци и во обраќањето истакна дека најважно му е мислењето на соработниците.
„Отсекогаш сум го ценел мислењето на моите сопартијци, колеги и министри од владата, особено кога се совпаѓа со моето, а најмногу кога лично им го наложувам. На овој свечен ден, ви порачувам, драги колеги: слободно давајте мислење за противзаконски активности! Знаете дека никогаш не би ве заглавил“, порача Груевски во пригодниот говор.
На крајот од обраќањето, тој објасни дека давањето мислење значи некој да каже „јас мислам дека може“, без оглед на тоа што велат законите за некоја материја.
И покрај изворите од врвот на ДПМНЕ што ги контактираше редакцијата на Пара вести, не успеавме да дознаеме кој дал мислење дека е добра идеја Владимир Пешевски да пее патриотски песни среде откривање на мултимилионски скандали за власта.
Слика: Свирачиња