Можете да му се фатите на Ерол Ризаов!

02.04.2015 00:21
Можете да му се фатите на Ерол Ризаов!

Заправо, да му го јадете курот на Ерол Ризаов! Слушате ли бре, Грујо, Мартине, Аџиев, Миленко, Мирка, Илче и остала багра хохштаплерска!

Се сеќавам како да беше вчера. А беше 1997-ма. Пред безмалку 20 години. Ууу јеботе почнав и ја вака, значи сум остарел, жена ми ќе падне у депресија кога ќе го чита ова. Значи, правевме школски весник во средното училиште во Кратово. Некои од нас жестоко запукаа по Ѕинго, во редакцијата имаше јаки омладинци од ВМРО и СДСМ. Ја тогаш бев ватрени ѕинговист, Латас ми беше идол. Јбг, тоа е. Што да ви кажам, имав само 17 години и летата ги поминував на село со овци и кози и крави, толку сум разбирал. Ваљда сега не е така :D

И ја бев уредник на весникот зашто бев и главен на средношколската унија при училиштето. Бев жесток ама без компас. Сега само се надевам дека не е така :D

И кога директорот на школото, инаку десна рака на Ѕинго и во исто време и градоначалник на градот (да, во Кратово тогаш градоначалникот во исто време беше и директор на школото, што да ви кажувам, Ѕинго и сè е можно), значи кога он ги прочита текстовите пред објавување полуде и почна да вика. Нè собра сите у канцеларија и почна да ни се дере и цело време повтараше едно име кое потоа се потрудив да дознаам кој е тој човек. Тој цркаше: ШТО СЕ БЕ ВИЕ ЗАМИСЛУВАТЕ, ДЕКА СТЕ ЕРОЛ РИЗАОВ!?!?

Јас тогаш потклекнав на цензурата и ги избришав текстовите. Весникот излезе со интервју со Игор Џамбазов :D и интервју со Снешка Георгиевска, сопругата на Љубчо кој се спремаше да дојде на власт. Нејзиното интервју помина, но не поминаа критичките текстови за Ѕинго. Моите другари тогаш ме замразија засекогаш. Јас потоа кренав раце од политика и новинарство и се фатив со наука, сакав да пробам дали тоа ќе ми легне. Се покажа дека требаше да продолжам со новинарство, но ми се згади од македонската политика после таа цензура и тоа искуство во Кратово од 1997-ма. Тогаш им бев надреден во Унијата на средношколци на Македонија на сегашните пратеници Илија Димовски и Александар Николовски. Но не сакав потоа 20 години да пушам. Тие пушеа и еве каде се, еве каде сум јас.

Потоа се распрашав кој е тој Ерол Ризаов, и ми кажаа дека човекот бил уредник во Нова Македонија. Почнав да го читам, иако беше скап весникот, 35 денари, тоа тогаш беа како сега 100 денари; значи, не го читав редовно ама правев напори. Ерол тогаш го правеше масакр Ѕингота, за она што се случува во Кратово и што се случуваше во тогашниот фудбалски сојуз на Македонија каде главен беше Ѕинго. Ерол имаше прекрасен стил на пишување, имаше и сеуште има фантастична новинарска експресија, уживање е да се чита човекот.

Вчера на митингот на Грујо во Штип, во првите редови знаете ли кого видов? Мојот директор од средното училиште во Кратово. Му аплаудира на Грујо?! Човекот е сега пратеник во собранието на Македонија, а претходно беше директор на хидросистемот Злетовица, за која се збори дека исто така се лапнало голема провизија, исто од Кинезите, откако претходно си заминаа Јапонците. Многу жути :)

А Ерол сега е на обвинителна клупа дека бил кодош?! Цензурата уште трае, 20 години!

Ќе смогнеме ли сили да победи честа, моралот, достоинството, патриотизмот, интересите на народот?! ИМАМЕ ЛИ СИЛА?! ЈАС МИСЛАМ, ОВОЈПАТ ОДГОВОРОТ Е ДА!

Слика: Свирачиња
Извор: Мактел