Писмо до Шехерезад

24.02.2010 10:23
binbir_gece (13).jpg

Драга ануме Шехерезад, ти пишувам од Скопје, едно чок чок убаво место, сигурно си чула за него? Ако по ништо друго, тогаш мора да си слушнала за симитот наш?

Драга ануме Шехерезад, ти пишувам од Скопје, едно чок чок убаво место, сигурно си чула за него? Ако по ништо друго, тогаш мора да си слушнала за симитот наш?

Драга ануме Шехерезад, ти пишувам од Скопје, едно чок чок убаво место, сигурно си чула за него? Ако по ништо друго, тогаш мора да си слушнала за симитот наш?

Драга ануме Шехерезад, ти пишувам од Скопје, едно чок чок убаво место, сигурно си чула за него? Ако по ништо друго, тогаш мора да си слушнала за симитот наш? Покрај симит ние имаме и бурек, боза, баклава, шербет, тулумби, ќебапи, и многу други работи што ги прават блиски нашите пријателски земји.

Јас секоја вечер ја гледам твојата серија, а за викенди правам вистински маратон и не станувам од пред телевизор, само тебе те гледаме со цела фамилија. Ние ич не се ни замараме да следиме некои други си серии кои сакаат ние нив да ги сакаме повеќе. Не, не, нема шанси, јас, и сите мои блиски, само тебе те сакаме, и тебе те следиме. Можеби немаме споменик за тебе, но во Скопје има неколку слаткарници кои со гордост го носат твоето преубаво име.

Ете така, драга ануме, токму затоа што многу те сакаме, решивме тебе да ти се обратиме, за чаре, за совет, некој акал да ни уделиш, да ни помогнеш драга Шехерезад, ако се може, оти си имаме проблеми што нè сардисале. Некои нè советуваа да се обратиме и до Солана, но ние повеќе те сакаме тебе драга Шехерезад, и мислиме дека си многу повлијателна овде кај нас во Македонија.

Градоначалникот на нашата општина, онака апансас, решил да прави луна парк од споменици среде плоштад. И ние ете онака со разум и инсански се обидовме да укажеме аман-заман, не ја бива работата, ако не ти работи купатило, не треба да арчиш пари за фонтани во авлија, па ако се гради треба со усул, со мера, според приоритети, и не му прави зијан на градот, ама јок, овој ништо, не слуша, ни тој, ни тие другите аги со кои пие кафе. Драга ануме, сè е тоа овде раскарано, и не може да се разбере човек со човека, да ти дојде да фатиш џенем негде јабана и баталиш сè.

Нашиот градоначалник влече корени од Пирот, а Пироќанците се, драга ануме, познати како многу скржави луѓе и тешки цицијаши. И баш како за белја, овој се погоди за градоначалник, и тамам колку што Пироќанец скржави со своите пари, толку па троши без усул туѓи пари. Троши туѓо и не прашува колку чини.

Затоа ти пишуваме на тебе, како многу угледна архитетка архитектка да го искористиш твојот углед и како експерт да ни помогнеш, да најдеме некое чаре. Оти овде луѓево веќе ги фаќа с'клет и не знаат што да прават.

Ти знаеш како да им објасниш на луѓево што чини, а што не чини, а тебе тие мора да те послушаат, оти нас обичнава раја никој ама ич не нè есапи. Затоа те молиме да дојдеш овде кај нас да им објасниш на овие луѓе нешто за архитектурата, за тоа како, што и каде може да се прави и гради. Ти не само што знаеш најдобро, туку и нема човек кој овде би ти кажал не или не може, сите послушно ќе им удоволат на твоите зборови.

Ти би можела, како што те дал Господ паметна и убава, да им предложиш бизнис-план на нашиве аги, да се изградат безбели вистински корисни градби, на прави локации, кои ти и фирмата на твојот сопруг Онур би ги изградиле на најдобар можен начин и би придонеле народов наш да живее троа пораат.

Ние за ова секако многу би ти се заблагодариле, и иако не сме некоја богата земја сепак би можеле чесно да се оддолжиме за твојата помош. Еве од одма може да ти ветиме дека можеш Надиде и Бурхан да ги донесеш во Македонија и ние одма ќе им средиме да добијат бесплатен престој во бања, каде ќе можат да се изнауживаат. И за превоз ќе им средиме за џабе, само гледај некако да се погоди кога ќе доаѓаат во Македонија да биде петок.

Секако, ти ветуваме ако тебе лично ти пречат Шеќеринска и Слаткаристика, ние секундарно ќе се потрудиме да ги маргинализираме и тргнеме од јавноста, само ти кажи ако ти пречат.

Исто, да не заборавиме, би те замолиле, ако може, да ги искористиш твоите врски и да ги замолиш овие од фирмата ТАФ да ни го направат аеродромот што поскоро. Вака со аеродромов странците секојдневно ни прават сеир и личиме на некоја касаба, а не на сериозна земја која има древни корења. Со нов аеродром ние полесно ќе доаѓаме на вашето прекрасно море и уште повеќе ќе придонесеме кон зближувањето на нашите народи.


Те поздравуваме најтопло и чекаме твој брз одговор.

abe alal...

sekoja cest :)))))))))) ili ALAL... :)))

Of lele... Kopacho motikata i

Of lele... Kopacho motikata i na nivata.. oti po evtina statija od ovaa zdravje

 резилење! се поретко го

 резилење! се поретко го посетувам сајтов, статиите се се по бедни и по претенциозни

@ Anonimen no.3 Dokolku ne ja

@ Anonimen no.3
Dokolku ne ja razbra poentava na tekstot najdobro bi ti bilo i VOOPSHTO vo idnina da ne ja posetuvash stranata...neli..:)

o ne! poentata ja razbrav,

o ne! poentata ja razbrav, tokmu toa e problemot, ne se raboti za poentata tuku za izvedbata.. izlitena i klishe.. smeshna a za poentata, voopsto ne razgovaram 

Јасно ни е дека не

Јасно ни е дека не разговараш. По се' изгледа само вежбаш македонски. Супер, не би ти шкодело, со оглед на фактот што не си писмен (ниту идејно, ниту правописно).  

Тоа е делот кој сите ние

Тоа е делот кој сите ние никако да го научиме – од новинарите, до оние ged test кои коментираат, спремни да им пресудат на „лекарките“ од хируршка клиника. Ние не сме жртви на несовесни лекари, политичари, бизнисмени, административци итн. Ние сме жртви на самите себе. А себството е свесно само во рамките на „фамилијарната“ педа нива во која себично гувееме, па оттука comptia security+ никако да сфатиме дека заедништвото не се сведува на кафе со пријателите во 12 на пладне, три трач муабети за комшиите и пет пцовки за „глупите Американци и другите западњаци“. Заедништвото побарува поголема индивидуалност и посветеност која резултира со штитење на заедничкото, наспрема личното.Линчувањето на пар несовесни лекарки од хируршка не е ништо помалку индивидуално настроено – напротив, тоа е уште посебично - од лекарското vcp-410 линчување на пациентката која, многу веројатно, поради задоволување на нечиј туѓ „пријателски“ сеир, завршила во нивните раце. Ваквата опседнатост со туѓите грешки и несовесност која притоа ја запоставува сеопштата лична sat test дговорност и етика, е индивидуална себичност која не само што е неморална и неетичка, туку е и општествено криминална.

15. <a

15. <a href=http://www.r3tn.com/Shox_Turbo> SHOX TURBO </a>.Shimin, profondément vu ethniques Han et steppe et <a href=http://www.puma-max.com> PUMA HOMMES </a> les avantages et les inconvénients des .deux côtés et auditées politique "Chine". La dynastie Tang était parvenue à la gloire de

www.tnmax.com

addidas chile 62 costume fendi chile 62 adidas chile 62 ceinture bape ceinture bape adidas chili 62 adidas chile calecon lacoste calecon lacoste chile 62 adidas adidas tn survêtement adidas chile maillot du monde ceinture franklin marshall adida chil 62 calecon playboy ceinture fendi maillot gucci http://www.62tracksuit.com/ addidas survetement

hmm

Mi doaga da napisam kolumna za "kolumnata" - Pismo do Sheherezad! Strasno..

Слични содржини

Општество / Став

ОкоБоли главаВицФото