Белизе бенд

04.04.15 15:37

На денешниот протест пред МРТВ, актерките Ирена Ристиќ и Ана Костовска имаа извонреден настап како дел од новоформираниот „Белизе бенд“. Овој пат, криминалното и нецивилизирано однесување на режимот беше разобличено преку преработка на две народни песни.

Една мисла имаме, како да покрадеме, само вие имајте, ние ќе си земаме

Еден буџет имаме, пет мандати тераме, за буџетот да си е, мирно ќе се спие

Еден буџет имаме, во Белизе го криеме, а тебе ми те крадеме, о Македонијо!

Еден буџет имаме, во Белизе го криеме, а тебе ми те крадеме, о Македонијо!

Извор: А1он

ОкоБоли главаВицФото