Груевски ќе нема кој да го аболира!

07.04.2015 13:43
Груевски ќе нема кој да го аболира!

Пакетот што тој го договорил со Ахмети за амнестијата во „хашките случаи“ е монструозно сценарио во кое на пратениците и на некои министри им е одредена улогата на извршители на најтешкото можно мирновременско злосторство на начин кој за него (за Груевски) обезбедува најцинично можно алиби, проектирана одбрана од објективната и субјективна одговорност што еден ден некој можеби ќе ја покрене!

Зашто, тој е свесен за злосторството на кое ги принудува пратениците! Тој има свест за тоа дека од Силванева Бонева бара самата себеси да се силува со стапот од некоја собраниска метла, а од Илија Димовски да си чкрта, со нож или со некоја срчка, „вмро“ кај ќе стигне по телото, тој е свесен дека пратениците ги принудува да се изживуваат врз македонскиот народ како што во 2001 злосторниците се изживуваа врз мавровските работници и, во копродукција со Ахмети, врз грбовите на албанскиот народ, зашто таа и таква коалициска аболиција на индивидуалните извршители не го аболира албанскиот народ, како што можеби, им се чинело на Ахмети и на Груевски, туку дополнително го малтретира и стигматизира!

Стаповите, срчите и другите реквизити во оваа претстава и волјата да се направи ова неверојатно злосторство, се изработени односно излегуваат од страниците на Законот за амнестија што спротивно на сите домашни и светски норми и на стручните толкувања во самата влада, го договориле Ахмети и Груевски!

Клучен момент, врв во оваа чудовишна операција е свеста за злосторството во главата на Груевски, свест која се манифестира низ ставот мислењето на владата односно неговото мислење да биде ни за ни против, така-така, аплицирано низ свесно формулирани неразбирливи шкработини за замачкување на трагите на одговорноста и најдолното подводништво во кое од Парламентот се бара да биде категорично „за“!

Неверојатно!

Неверојатно!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња