Апашка азбука

07.04.2015 16:26
Апашка азбука

Минатата година се одбележа 30-годишнината на легендарната едукативна емисија за деца „Бушава азбука“, во режија на Слободан Унковски, а по сценарио на Горан Стефановски. Илустрациите на буквите кои сите добро ги знаеме ги изработи српскиот уметник Душан Петричиќ.

Стотици илјади македонски граѓани со носталгија и романтично чувство се сеќаваат на емисијата и азбуката со која пораснале. Но, една друга мала група која денес владее со Македонија, по сè изгледа растела со некоја друга азбука. Ја нарековме, не бушава, туку АПАШКА АЗБУКА.

Против аздисаните режимлии собрани околу партијата ДПМНЕ секојдневно протестираат сè повеќе граѓани. Меѓу најгласните, но и најкреативни во протестите, се токму актерите кои учествуваа во легендарната Бушава азбука - Синоличка Трпкова, Ана Костовска, Петар Арсовски, како и актерката Ирена Ристиќ.

Инспирирани од нивниот извонреден протестен перформанс пред зградата на МРТВ, ја претставуваме Апашката азбука на режимот, со интервенции врз оригиналните илустрации на Душан Петричиќ.

Интервенции врз оригиналните илустрации: Небојша Гелевски