Валентина Божиновска: крадење, рекетирање и фрлање во ендек е ОК кога не се пости

08.04.2015 13:52
Валентина Божиновска: крадење, рекетирање и фрлање во ендек е ОК кога не се пости

Скопје, 8 април 2015

Недозволиво е за време на строг пост да се фрлаат грозни бомби, како што тоа го прави Зоран Заев, изјави денес огорчената Валентина Божиновска, претседателка на Комисијата за верски заедници.

„Срамота е пред еден од најголемите христијански празници да се објавуваат податоци за криминалите и злоупотребите на власта. Ова е поткопување на религијата, на демохристијанскиот принцип, на културата, на традицијата“, вели Божиновска.

Таа нагласи дека ДПМНЕ е вистинска демохристијанска партија, што се докажува со фактот дека нивните криминални дела објавени во бомбите се извршени надвор од периодот на христијанските пости.

„Од аспект на меѓуверската толеранција, од големо значење е и соработката меѓу македонската влада и кинеската фирма што ги гради автопатите во земјава. Тоа е доказ дека луѓето од различна вероисповед можат заеднички да се омрсат, но само кога не се пости“, објаснува Божиновска за Пара вести.

Кога ја прашавме во врска со останатите криминални активности за кои сведочат „бомбите“ на опозицијата, Божиновска одговори кратко:

„Кој не фрлал луѓе во ендек, прв нека фрли камен, кој од блиску доаѓа.“