1003 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:59
Досегашните бомби на Заев открија неколку работи кои се насетуваа, а сега се јасни како ден:
1. Пратениците имале потпишано бланко оставки кои можат да им ги активираат кога сакаат по наредба на врвот на ДПМНЕ. Мениците уште не се спомнати, ама се насетуваат!
2. Грујо е клептоманско копиле кое на Карибите на тајни сметки чува неброени милиони со кои купува парцели и акции во фирми низ цела држава, а и секаде по бел свет!
3. Секој голем тендер, било кон внатре или кон надворешна компанија, се наплатува со процент провизија лично за премиерот, а и партијата, од каде потоа се делат по некои непознати проценти, нешто за партијата, нешто за министрите, а најголем дел најверојатно за братучедите.
4. Телевизиите се платени со милиони евра владини кампањи, но и со тендери за газдите на телевизиите за некои нивни други бизниси.
5. РЕК Битола е главен извор на корупција. Со стотици милиони евра на име набавки направени без тендери или пак наместени тендери, ова е главниот извор за молзење на народните пари.
6. Тендерите како процес се пробиени со договорени групни настапи преку разни конзорциуми, тоа го дознавме од снимката на Грујо со Чинговски.
7. Груевци се цело време свесни дека ќе одат во затвор, тоа го признаваат и самите неколку пати во снимките.
8. Се потврдија шпекулациите дека целиот медиумски настап на власта е координиран од ПР тим кој секое сабајле седнува и смислува сценарио кое потоа се тера координирано по телевизии, весници, радија, портали и социјални мрежи.
9. Нема ни П од патриотизам кога е ДПМНЕ во прашање. Грујо дури се кикоти како мрднат кога зборува за поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.
10. Во кругот околу Грујо владее железна дисциплина и страв и трепет од Грујо, кој кон нив се поставил како деспот кој може да им ја скине главата кога сака, тоа кај министрите вродило голема фрустрација и гнев, тоа можевме да го чуеме од снимките.
11. Најблискиот круг околу Грујо го смета него за шарлатан, овца неписмена и неспособна.
12. Главниот благајник смета дека државата ни е на пат кон банкрот и дека целата влада се однесува како банда лудаци.
13. Во државата нема правосуден систем, сè е тоа мрежа на кукли на потег.
14. Нема регуларни избори. Има една масовна кланица како што ја вика Геро, влечење за уши, за врат, закани, поткуп, упад во системот, измама, манипулација, ХАРАНГА!
15. Затворите ни се полни со политички затвореници. Сите тие ем што ќе треба да се ослободат, треба да добијат и отштета од државата, значи од нас.
16. Грујо го болело кур за судбината на граѓаните. ОХИС бил оставен да скапе, тоа го дознавме од колумна на Владо Лазаревик, кој охрабрен од бомбите реши да фрла свои мали бомбички.
17. Односот на мафијаши го имале и со странските инвеститори. Тоа го дознавме од снимката за Агрокор чии газди се дрзнале да го поканат на отварање градоначалникот на општината во која е инвестицијата?!
18. Се бркало од работа и за кликање лајк на Фејсбук.
19. Латас им бил главен советник на Грујо и Мијалков, тие му се јавувале редовно и за клучни политички одлуки. Веројатно истото е правено и со Мирка.
20. Криминалот бил раширен во сите ешалони во партијата. Слушнавме како пратеници на партијата харале по градовите како каубојци и збирале рекет како да се разбојници од среден век!
21. Грујо бил одмаздољубиво сурово безмилосно копиле. Кревал со динамит објекти за да се одмазди, но и за да ги заплаши останатите бизнисмени да не смеат да се рекламираат кај опозициски медиуми и за да не помислат да ја помагаат опозицијата.
22. Законите за Грујо биле тоалетна хартија.
23. Сашо Мијалков е вклучен во сè што се случува во државата, кога се емитуваат вести, кој ќе биде судија, кој ќе се апси, со кого ќе се коалицира, колку пари да се украдат итн., тој де факто бил заменик премиер.
24. Градоначалниците на ДПМНЕ се пијаници и лопови. Тоа самите Гоца и Ставревски го кажаа и потврдија со аргументи. Нема зошто да не им веруваме, нè убедија.
25. Активни во диктатурата се некои бизнисмени кои се чувствуваат како полициски началници и даваат наредби кои кафани да се затвораат и кој да се апси.
26. Странските дипломати им давале совети на Грујо и бандата како да ја измамат меѓународната заедница, се нервирале кога ќе им бил прекинат викенд одморот со - на пример - кршење на општинска барака, лесно си легнувале на брашното.
27. Опозициските општини се наоѓале под целосна режимска опсада со малтретирање до коска, со цел политичка пресметка и одмазда!
28. Се потврди аферата со шишето за Срѓан Ќерим, со снимката каде Мијалков споменува смс од Грујо кој бил пратен на Гоца, по што медиумите од МПМ станале пицикато!
29. Се потврди корупцијата на Томато Продукција која го прави Миленко Шоу со парите за документарци од АЕК!
30. Биле спречувани и опозициските митинзи со праќање на автобусите на технички преглед.
Бонус: Во Шутка гласале и мртви!
Извор: Мактел