Свлечиште го блокираше патот на Македонија кон ЕУ

09.04.2015 15:00
Свлечиште го блокираше патот на Македонија кон ЕУ

Скопје, 9 април 2015

Бројните свлечишта и одрони прават проблеми ширум Македонија, но најлоша е состојбата на патот кон Европската унија кој моментално е целосно блокиран. Големата колчина земја го закочи овој правец на неколку места, а на одредени места оштетени се и сообраќајните ленти што го праваат сосема неупотреблив за сообраќај.

„Земјата веќе е заситена со влага, а дождот кој паѓаше претходните денови само ја влошува ситуацијата“, велат од Македонија пат.

„Најтешка е состојбата на патот кон Европската унија кој во моментов е сосема надвор од функција. Патот сосема се одронил во близина на големите медиумски куќи на кои им се заканува затрупување. Тешка состојба е забележана и во јавните претпријатија кои се сосема блокирани со огромни наноси од партиски кадри и активисти“, објаснуваат од Македонија пат.

Поради обврски околу обезбедување странски инвестиции и борба со непријатели, исто така странски, премиерот Никола Груевски не беше во можност да излезе на терен и да помогне во санирањето на ова свлечиште.

Извoр: www.njuz.net