Полутемнина

13.04.2015 09:02
Полутемнина

Ние двете се мушнавме под покривка од проѕирен лен. Ги покривме дури и главите, а ламбата ја осветлуваше ткаенината над нас.

Го гледав, така, нејзиното сакано тело во една таинствена светлина. Ние бевме поблиску една до друга отколку обично, посвои, поголи. „Небаре во иста кошула“, рече таа.

Останавме покриени преку глаива за да бидеме уште пооткриени и во тесниот простор под покривката се мешаа мирисите на две женски тела, како на две природни кадилници.

Ништо на светот, па дури ни ламбата, не нè гледаше таа ноќ. Која од нас беше онаа што љуби, а која љубена, само таа и јас би можеле да речеме. Но мажите за тоа нема ништо да дознаат.

Превод: Влада Урошевиќ
Слика: Вилијам Ети

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото