1010 hPa
71 %
12 °C
Скопје - Саб, 06.12.2025 13:59
Мојот маж чекори по замрзнато поле
како Х, концепт
дефиниран со белината;
се врти, влегува во шумата
и станува избришан.
Неподдржано од мојот поглед
е она во што тој се претвора,
она со друга форма,
што подземно се стопува
и расте, трепери над барите,
наслушнато и затскриено
меѓу мочуришните ѕверови.
Напладне
ќе се врати; или можеби
само мојата идеја за него
ќе се врати
со него скриен зад неа.
Можеби и тој мене ќе ме преобрази
во лисичјо око, око на буф,
или во осумкратно
око на пајак.
Не можам да замислам
што ќе видам
кога ќе ја отвори вратата.
Препев: П. В.