Овој народ навистина заслужува сè што му се случува

14.04.2015 11:05
Овој народ навистина заслужува сè што му се случува

Отидов до Бањанска река. И ми падна мрак на очи.

Ми рекоа дека сум го навредувала македонскиот народ. Дека не сум го сакала. Дека народот бил секогаш во право.

А јас мислам дека не сум го навредила доволно. Овој народ навистина заслужува сè што му се случува. И сиромаштија, и неправда, и нечист воздух, и власт која го пљачка, и болештилаци, и потсмевање од сите наоколу, и...

Што мислите, ова го направил еден човек? Не. Не е еден, не се ни двајца, не се ни 10. Требале стотици насилни примитивци за да упропастат една ваква убавина.

Народ кој не знае каде се фрла ѓубре, кој не знае дека не смеат да се сечат старите дрвја, кој не знае да ја заштити природата, не заслужува ништо подобро од Груевски, Мијалков, Ставрески и Гордана Јанкуловска.

И се разбира, за таков народ Каракамишева, Ванковска, Силјановска и Боцевски се врв на интелектот и највисок дострел на народниот ум.

Глуп, примитивен и насилен народ заслужува глупа, примитивна и насилна власт.

Извор: Фејсбук профилот на авторката