GraphJam 2014

26.02.2010 11:01
GraphJam-2014---01.jpg

 

Ауххх колку е добро!!!

Ауххх колку е добро!!! графика збори она што збор не може да дозбори , долови де..
пс.  прејако е она за орвел..како тој ја замислува вери спешл ####2014 ;)))))

 alpauz i ovacii. seriozno.

 alpauz i ovacii. seriozno.

 Vuna, te obozhavam!

 Vuna, te obozhavam!

Samo neargumentirano jadenje

Samo neargumentirano jadenje g***a.

Коментари од анонимуси

Море Ануснимус... напиши издржaн контраАРГУМЕНТ, потпиши и се сигурно ќе ти го објават во ОКНО.мк. Вака твоето е навистина јадење на гомна...

Морално и конструктивно би

Морално и конструктивно би било од страна на г-дин Вангели кога ги дизајнирал графиците за (не)успесите на ВМРО-ДПМНЕ, да имал предвид да ги запознае своите читатели и со графиците за (не)успесите на СДСМ, за да ни овозможи компарирање со што би изградиле здраворазумски заклучок. Но, за жал тој имал намерен превид, и ова не е моја предрасуда. Покажете ми барем една колумна од порталов во која авторите директно ја критикуваат опозицијата? Ако не поради идеолошки причини, тогаш би можело поради прагматистички! Според мене и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ подеднакво ја заглупуваат македонската санкилотерија, а тој кримен од „интелектуалциве“, коишто имаат можност да ги вкусуваат плодовите на демократијата преку правото да пишуваат по мас-медиуми, треба да биде истакнат, но за жал, со ретки чесни исклучоци, повеќето се без научна совест и ординарни битанги.
Во однос на првиот график би го прашал авторот: Која власт го загради плоштадот поради што денес немаме слободен простор?
Што се однесува пак до вториот график, епитетот барок или антика би можел да го носи проектот не поради целокупната своја архитектонска структура, туку единствено поради триумфалната капија и спомениците, а да се импутира во целост е апсурд. Од друга страна, иако во Лас Вегас се изградени објекти во разновидни стилови кои преовладувале во одредени епохи од постоењето на цивилизацијата, сепак овој град е еден од најпосакуваните и најинтересни дестинации во светот од неговото постоење.
Во однос на приоритетите на Владата. Дека приоритетите за проектот ги надминуваат другиве со еден таков голем размер е пак работа на заблуда или злонамера кај авторот на графикот. На пример, за Дојранско Езеро (бидејќи јас сум од овој крај) оваа година се планира да се донесува вода преку хидро-системот (пак изграден по иницијатива на оваа „злобна“ влада) од уште 6 нови извори коишто се наоѓаат на Ѓаватско поле. Ако оваа влада, според црнојадните окна, пропагира барок или антика и не‘ враќа назад културно и духовно, на Дојранчани им подарува егзистенција плус живот за средината т.е. езерото. Произлегува дека оваа влада брани програма на натурализам и хуманизам. Интересно и многу парадоксално спрема кобните предвидувања на интелектуалниве шкрабалски душогрижници.
Што му треба на Скопје? Точно... функционална железница за граѓанските левичари кои низа години, парадоксално на својата „идејна определба“, приватизираа капитал на граѓани налик времето на Томас Мор, и како, поради тоа, би ги испратиле експресно во азил кај своите милосрдни баќушки од Брисел.

Така е.

Марооооо морииии.  Ајде вака:
1. Ако некој критикува една работа во даден момент, дали има за задача да искритикува и се живо друго шо не чинело од христа па наваму? 
2. Ако власта (ма која и да е) имала некаков добар/полезен/успешен проект дали тоа значи дека се што не чини треба да се преќути?
3. Ај што неписмениве искомплексирани копи-пастери без ронка вкус и знаење проектов го бранат со тоа дека и во Париз, Лондон, Рим, Виена било така, ама па кај ли го најде Лас Вегас за пример ееееј? Таа мека на шундот, град-циркус-казино создаден од мафијата среде никаде, за перење пари и за ефтина забава за масите. Така ли го гледаш Скопје? Па така и ќе биде, еден голем циркус кој ќе се надева дека можеби ќе биде искористен како декор во некој историски филмски спектакул. 

Она твоево „Маро

Она твоево „Маро мориии“ ми индицира дека потеклото ти е од некое битолско планинско село, или грешам?!
1.Кој рече дека треба да се критикува се‘ од Христа и тоа во контекст на графиците на г-дин Вангели?! Ти рече, не јас. Она што реков јас беше: „Морално и конструктивно би било од страна на г-дин Вангели кога ги дизајнирал графиците за (не)успесите на ВМРО-ДПМНЕ, да имал предвид да ги запознае своите читатели и со графиците за (не)успесите на СДСМ, за да ни овозможи компарирање со што би изградиле здраворазумски заклучок.“ 
2. Не реков така, туку дека „приоритетите за проектот ги надминуваат другиве со еден таков голем размер е пак работа на заблуда или злонамера кај авторот на графикот.“
3. Дека Лас Вегас е „мека на шунд“, ќе треба да заминеш таму да се вратиш пак овде и истото да ми го напишеш. Сума сумарум, твоето мислење за Лас Вегас, наспроти милионските негови посетители во годината од целиот свет, е еднакво на нула.

Мара, г-дин Вангели ги

Мара, г-дин Вангели ги критикуваше СДСМ во 2004, 2005 и 2006 до изборите. Ќе ги критикува кога повторно ќе дојдат на власт. И сега спорадично ги критикувам, но не ми се главна цел пошто немаат никаква моќ.
Поздрав

Las Vegas - meka na poezijata.

Браво Маро, од кај ме погоди. Не си во центар, ама да, делумно влечам корени од тој регион. Тоа впрочем беше напишано од  возбуда и вчудоневиденост од твојот пост и така да речам „поетски кажано“. Не знам како не примети пошто гледам упатена си во поезијата. 
Заклучоците од мојот одговор беа сосема во ред извлечени од твојот пост и тоа е јасно како бел ден. Немам намера да влечам цитати и да анализирам збор по збор што си пишала. Попатно, нешто сомнително ми беше ова за Дојранскиов проект, па разгуглав троа и излезе дека проектот не е од оваа гарнитура па незнам зошто си го спомнала, но неисе.
Го повлекувам секој лош збор за Лас Вегас. Се срамам што сум дозволил некакви енциклопедии, интернет, книги, филмови, серии, репортажи, патеписи да ми го исперат мозокот и да ме наведат да мислам (без да ојдам лично да видам) дека милионите туристи таму одат да се коцкаат, курваат, пијанчат и што ли, а тие уствари оделе на поетски читања. Да живее Лас Вегас - мека на поезијата и урбанистичко-архитектонските врвни достигнувања. Да живее и Скопје2014-та. Да се збратимат овие две престолнини на културно-уметничкиот прогрес. Ура, ура, ура!
http://en.wikipedia.org/wiki/Kitsch

Првиот и третиот график ви се

Првиот и третиот график ви се значајно идеолошки, а не математички. Тоа може да се види посебно од првиот график поради што ве прашав: „Која власт го загради плоштадот поради што денес немаме слободен простор?“. Доколку бевте објективен критичар ќе го вметневте одговорот и тогаш размерот на заграден простор нема да припадне на проектот 2014, туку на нерационалното раководење на кадрите поставени од квазиСДСМ. Оттука моето прашање беше сосема во контекст: „Морално и конструктивно би било од страна на г-дин Вангели кога ги дизајнирал графиците за (не)успесите на ВМРО-ДПМНЕ, да имал предвид да ги запознае своите читатели и со графиците за (не)успесите на СДСМ, за да ни овозможи компарирање со што би изградиле здраворазумски заклучок.“
За крај, мнозинството од архитекти коишто се бунтуваат против проектот 2014 не е затоа што се толку загрижени како ќе диши градот туку затоа што тие од утре нема да спијат мирно имајќи предвид дека нивните проектни идеи не биле земени во обѕир за финалниот изглед на центарот. Значи, во прашање е приватниот интерес на група архитекти наспроти приватниот интерес на други.
П.С. Ниеден плукач на проектот 2014 не си стави прст на чело и да се запраша за перманентната криза на парламентарниот систем во земјата што генерира приватниот интерес да го надмине општиот; ниеден од граѓанскиве левичари не даде алтернатива на парламентарниот систем, којшто во својата суштина е елитистички и анти-демократски, како не би му се случило на овој народ уште еден галиматијас сличен на проектот 2014. Тоа доста зборува дека оние што го плукаат проектот 2014 се‘ уште се конзервативни контемплатори и партијски чиновници-поддржувачи на еден институционален систем кој токму поради него се јави конвулзијава кај граѓаните околу проектот. Тие се идеалисти кои сакаат да го менуваат светот во неговите сопствени рамки.

Мара во ред се дел од твоите

Мара во ред се дел од твоите замерки но ти премногу буквално ги свати графикониве... или мене така ми се чини.
Графиконите имаат цел да ја покажат глупоста, трагикомедијата и незнаењето на владата на еден полуциден и поинтересен начин.
За критиките кон СДСМ си во право но во понижувачки мал процент, бидејќи секогаш и секаде во светот се критикува власта за потезите што ги носи, а не опозицијата за потезите што ги носела... за жал јавноста (мнозинството) кај нас тоа не сака да го прифати, а богами и нема капацитет за тоа. Зошто СДСМ на времето не се критикувала толку (а можеби и токму обратното) е друга тема од друго време.
Мнозинството архитекти се бунат од лични причини, другите се бунат од партиски причини и третите се бунат зошто и самите се необразовани... Ама и на мало дете му е јасно дека проекцијата за плоштадот е урнебесно идиотска мешавина на стилови и кич кои го задушуваат јавниот простор (кој е впрочем основен мотив на секој плоштад) како заложници на една идеологија.
Лас Вегас е замислен како еден голем кич, како целиот свет на еден сосема мал простор... и тоа за туристички причини, не за утврдување идеолошка историја или себе-потврдување низ историјата. Ако сакаш Скопје да биде Лас Вегас, тогаш се погоре ти држи вода... ама јас не сум чул за ниеден писател, сликар, политичар, музичар или интелектуалец од Лас Вегас... сум слушнал само за коцкари кои освен илузиите таму изгубиле се што стекнале во својот живот.
Можеби токму таа варијанта за Скопје се вклопува во идеите на Владата... а ако е така тогаш Скопје 201(6)(4) е добра идеја...

Глупост е помислата дека во

Глупост е помислата дека во Лас Вегас постојат само казина и курви. Во тој декадентен поглед ни Скопје не е исклучок, дури тој е полош град од американскиот пример, затоа што во него обезбедиле слободен пазар каде луѓе доброволно ќе ги разменуваат добрата и услугите (што е многу битен услов, ако не и суштински, за цут на културно-духовните вредности), додека скопската инвестициска зона споредбено е еднаква на нула и тоа пак по вина на граѓанско-левичарските бандити и битанги од СДСМ. Не е ниту вистина дека Лас Вегас нема себепотврдување низ историјата; дека во овој град не живеат и творат културно-уметнички професионалци. Јас како поет во слободно време, нормално, ги следам тековините во оваа уметност и можам да потврдам дека ниту Лас Вегас е исклучок:
http://poets.org/state.php/varState/NV
Затоа Даниел другпат не зборувај на памет некои работи, туку ако треба читај буквално, барем ќе спознаеш факти. Толку омразената слободнопазарна Америка го даде еден од најдобрите светски поети - Едгар Алан По.
P.S. Јас не го понижував СДСМ воопшто. Тие битанги низа години ја понижуваа и ја ограбуваа македонската санкилотерија и затоа во идно време не треба да биде тема зошто СДСМ не се критикувала на времето толку, туку како таа анти-работничка партија да пропадне што поскоро и да се создаде вистинска работничка партија со вистинска работничка политичка програма - укинување на парламентарната демократија и пазарната економија и воспоставување на неокласична демократија и планска економија.

Мара во ред се дел од твоите

Мара во ред се дел од твоите замерки но ти премногу буквално ги свати графикониве... или мене така ми се чини.
Графиконите имаат цел да ја покажат глупоста, трагикомедијата и незнаењето на владата на еден полуциден и поинтересен начин.
За критиките кон СДСМ си во право но во понижувачки мал процент, бидејќи секогаш и секаде во светот се критикува власта за потезите што ги носи, а не опозицијата за потезите што ги носела... за жал јавноста (мнозинството) кај нас тоа не сака да го прифати, а богами и нема капацитет за тоа. Зошто СДСМ на времето не се критикувала толку (а можеби и токму обратното) е друга тема од друго време.
Мнозинството архитекти се бунат од лични причини, другите се бунат од партиски причини и третите се бунат зошто и самите се необразовани... Ама и на мало дете му е јасно дека проекцијата за плоштадот е урнебесно идиотска мешавина на стилови и кич кои го задушуваат јавниот простор (кој е впрочем основен мотив на секој плоштад) како заложници на една идеологија.
Лас Вегас е замислен како еден голем кич, како целиот свет на еден сосема мал простор... и тоа за туристички причини, не за утврдување идеолошка историја или себе-потврдување низ историјата. Ако сакаш Скопје да биде Лас Вегас, тогаш се погоре ти држи вода... ама јас не сум чул за ниеден писател, сликар, политичар, музичар или интелектуалец од Лас Вегас... сум слушнал само за коцкари кои освен илузиите таму изгубиле се што стекнале во својот живот.
Можеби токму таа варијанта за Скопје се вклопува во идеите на Владата... а ако е така тогаш Скопје 201(6)(4) е добра идеја...

Мара немој да ми ги извртуваш

Мара немој да ми ги извртуваш зборовите... во ниту еден момент не зборував генерално за САД, туку само за Лас Вегас (зошто тогаш го спомнуваш Е.А. По?)- и второ, Невада не е само Лас Вегас (за да ми дадеш алфабетски состав на квази-писатели од таа држава)... и трето пирамидите и сличниот кич во Лас Вегас се приватни инвестиции (казина и хотели) а не владин проект.
За жал во поголемиот дел од текстот се гледа твојата исконска омраза кон СДСМ... а со тоа за жал неможам да полемизирам (безполезно е)

Го спомнав Едгар Алан По во

Го спомнав Едгар Алан По во овој контекст: „САД обезбедиле слободен пазар каде луѓе доброволно ќе ги разменуваат добрата и услугите (што е многу битен услов, ако не и суштински, за цут на културно-духовните вредности“.
Кој си ти како лаик да пресудуваш дека писателите во Лас Вегас се квази-писатели? По која основа? Си прочитал ли нешто од нивните дела? Си ја разгледал ли нивната листа на награди и признанија? Не верувам. Затоа и се осмелуваш да докажеш нешто со аргументум ад хоминем.
Кој спомена дека треба да се градат пирамиди и казина како себе-потврдување низ историјата? И кој си ти да пресудиш дека тие се кич - наспроти милионите посетители во годината од целиот свет? Ти беше оној којшто тврдеше дека Лас Вегас нема себепотврдување низ историјата бидејќи нема културно-уметнички професионалци коишто живеат и творат таму. Но, изгледа дека, работите стојат поинаку - има и писатели, сликари, архитекти кои се угледни на светско ниво, макар и само во САД, имајќи ја во обѕир компарацијата со Скопје и Македонија.
Зборуваш за некаква „исконска омраза кон СДСМ кај мене“, а забораваш дека гневот на поетот е токму она што го прави поет и дека тој гнев произлегува од општеството во кое живее и твори, а не од аутизмот на критичарот-поет, како би импутирал „аргументирано“ дека се работи за исконска омраза. За разлика од твојот конзервативен граѓанско-левичарски снобизам, јас знам да ги критикувам СДСМ како анти-работничка и анти-социјалдемократска партија, но и знам да ги критикувам ВМРО-ДПМНЕ како квази-десничарска, државноинтервенционистичка и според тоа анти-слободнопазарна политичка опција.

А по која основа ти ќе ми

А по која основа ти ќе ми докажеш дека не се? Ти си прочитал некој писател од Лас Вегас? Ти си се заинтересирал за наградите кои тие ги добиле?
Јас не сум тој кој пресудува дека Лас Вегас е кич, Лас Вегас е изграден како КИЧ, луѓето од целиот свет знаат дека тоа е КИЧ, Лас Вегас е смислен КИЧ (како што претходно споменав- светот во мало- што по дефиниција е КИЧ)... глупаво е да се плеткаш во хипотетички тези како "кој си ти да кажеш што е кич" бидејќи тоа не е аргумент туку избегнување на одговор! И за вториот дел... писател не е човек кој пишува, сликар не е секој што зема четка во раце, архитект не е некој што црта куќички со дрвени боици... Алан По е писател, Едвард Хупер е сликар a Френк Лојд Рајт е архитект... Ни еден од нив не е роден ни блиску до Невада.
Милионските посетители не само што го демантираат кичот на Лас Вегас, туку уште повеќе го потврдуваат... и го потврдуваат снобизмот и малограѓанштината (која впрочем ми ја префрлаш на мое лично име) која владее кај 99,99% од тие милиони посетители.
Токму од "гневот на поетот" произлезе и овој графички "текст" на кој коментираме... но тенденциозниот "гнев на поетот" е емотивна состојба со која не вреди да се полемизира (безполезно е)
 

Ти беше оној којшто се дрзна

Ти беше оној којшто се дрзна тамошните писатели да ги нарекува квази-писатели како би докажал дека не се остварува себепотврдување низ историјата. Ти беше оној кој со малограѓанско НЕ ги „поби“ наградите и признанијата на писателот и ако воопшто му ја прочита биографијата на оној писател за кој ти го дадов линкот. Според твоето малограѓанско НЕ ќе произлезе дека и Томислав Захов (Мара), и покрај тоа што доби награда ,,Кочо Рацин“ за необјавена збирка песни, е квази-поет. Зборуваш дека не секој може да биде сликар, писател, архитект, музичар итн. а од друга страна со малограѓанското НЕ ги негираш луѓето кои биле во комисии и одлучувале на кого да му доделат признание. По која основа со еден ваков парадокс сакаш да докажеш нешто?! Да ти верувам на тебе или на комисии во кои се избрани компетентни професионалци за таа работа? Љубоморниот малограѓанин и квази-писател нормално би му поверувале на твоето малограѓанско НЕ. Според твојата „логика“ треба да се да се запалат платната на Пикасо на коишто иако се нафрлени неколку потези со четка од авторот слободниот пазар го вреднува како уметност и плаќа вртоглави суми... Но за жал твојот гнев спрема „кичот“ и слободниот пазар како фактор е џавкање на пудлица.
Потегот да се обвинува некоја власт за еден таков голем размер на заграден простор а од друга страна друг да ја носи вината за тоа е тенденциозен „гнев на поетот“.
И пак ќе кажам овдека не се работи за тоа што тебе ти се допаѓа или што ти сметаш дека е кич или не, туку овдека се работи за приватните интереси на една група архитекти наспроти приватните интереси на друга група архитекти.
Тенденцијата (доколку е мнозинска) да се отфрли целокупниот проект а без да се препознае кризата на парламентарниот систем е потврда за конзервативниот граѓански-левичарски снобизам кај оние што си зеле право да ја застапуваат и критикуваат во име на тенденцијата. 

Za Mara

 Pa se gleda deka damava pisuva od stabot na VMRO DPMNE. Draga Maro SDSM za toa sto go pravese e kaznet-gi izgubi poslednite nekolku izbori.Toa neznaci deka VMRO DPMNE treba da izigrava neogestapo, nema pravo i nema... VMRO e na vlast i ke bide kritikuvano zosto i treba da bide... Sekade vo svetov se kritikuvaat tie sto se momentalno se na vlast... ako se vrakame na nazad togas i vlasta na VMRO DPMNE od 98-02 spomnete ja vo koja aktivno ucestvuvase i nasiot ni premier Gruevski ili podobro e selektivno- se ona sto ni odgovara ke si go prisvojuvame odnosno ke se vrakame 2000 godini na nazad, a ona sto ne bilo tolku dalecno minato ne sme nie... e vie ste i napravivte golemo zlo na ovaa drzava- ne ja vrativte so spomenicite nazad tuku vo ekonomijata, nadvoresnata politika, zdravstvoto, covekovte slobodi i prava vo site sveri od ziveenjeto. Najmalku sto mozeme da napravime e da kritikuvame... Pozdrav
P.S. bravo za ubaviov shematski prikaz-kazuva mnogu!

„Pa se gleda deka

„Pa se gleda deka damava pisuva od stabot na VMRO DPMNE.“ - Гориел.
Уште една потврда на малограѓански снобизам како би со дискредитирање преку партиско етикетирање се докажало неисправноста на другата страна.
Дека Мара не доаѓа од штабот на ВМРО-ДПМНЕ и дека Мара перманентно ја критикува оваа политичка опција ќе изнесам фрагмент од пост објавен на личниот блог на Мара:
„Срамежливи „патриоти“

Фамозната колумна на Владимир Ѓорчев „Споменици на црвената буржоазија“ е само еден од многуте памфлети против одредени припадници на криминална багра, но не и против богатството создадено врз туѓ труд, што е суштината на оваа дебата. Но, за „патриотите“ како В. Ѓорчев оттука вистината му станува контроверзна до аверзија и повеќе би преферирал да води монолог во осудата на избраните жртви во својата колумна. Овој народен избраник на власта дури и не е доследен во сопствената критичка инквизиција што не бара конфискација на имотот на „избраните“, докажувајќи ја милостивоста на својот христијански бог. Но, изгледа не се работи за добра волја, туку дека „избраните“ се исти што и цела планинска верига од политички вртикапи соучесници во „првобитната акумулација на капитал“ во Македонија, што би значело само страхопочит кај него пред Дамокловиот меч (во рацете на таа монструозно пцуена олигархија) виснат над општествениот статус и привилегираност што ги нема мнозинската македонска санкилотерија. Неговиот срамежлив „патриотизам“ е геноцидно злосторство спрема кое бледнее и Маратовата контемплација како би се решила несреќата на мнозинството: „Кога човек нема ништо, тој има право да им одземе на другите што имаат во изобилство. Наместо да гладува, тој има право да им го пресече гркланот и да го проголта нивното растреперено месо!“ (стр. 26, „Херсилиа“).
Паганизмот на демо-христијанската влада
Спомениците на конзервативците не се столбови на некоја платформа за подобро утро на македонскиот санкилот, туку извор на екстра-профит за нивната политичка аристокрација и ортодоксното свештенство, за што ни сведочат наодите за бесрамните хонорари на членовите на Одборот за споменици во Општина Центар во времето на градоначалничката Виолета Аларова. Покрај ова, анти-христијанскиот дух на оваа власт изразито е отсликан во перманентниот терор што го егзекутира Управата за јавни приходи, која досега блокирала вкупно 7.594 фирми. И во обата случаи, власта се покажа „римска“ во служба на својот најголем идол – Парите, иако тоа противречи на нејзината идеолошка хипостаза на демо-христијанство, грубо силувајќи ги божјите заповеди. Наплатениот данок нашите политички вртикапи ги изведе од египетската земја – Македонија, од куќата на ропството! Тие немаат никакви други богови, покрај Парите. Тие си прават врезани ликови во облик на фетиш-стоки, долу на земјата. Им се поклонуваат и им служат. И постојано го изговараат напразно името на Господ (заедно со ортодоксното свештенство) како би се претставиле (хомодуплексно) за демо-христијанска влада, избрана по божја волја, во очите на македонската санкилотерија. Не ги почитуваат ни сопствените татковци и мајки, а камоли својот народ, против кого шест дена ги вршат сите работи потребни да го наплатат ненаплатеното, а седмиот ден им е посветен на баханалиски приредби. Убиваат. Прељубуват. Крадат. Сведочат лажно против својот народ пред меѓународниот капитал: „Овој народ нема достоинство!“. И ете како го посакуваат имотот на другиот, незалудно створија институција Управа за јавни приходи.“ Види: http://zahovistika.blog.com.mk/node/261340

Мара, како не ти е срам среде

Мара, како не ти е срам среде Окно да коментираш одреден текст, од „опусот“ на било чиј автор, меѓу кои Вуна е еден од најнезначајните? Се гледа дека доаѓаш од штабот на ВМРО. Ај признај. Пола ти се простува. :)
Наша ултра-интелектуална, критичка забелешка до сите оние со усул: „$$$Бегајте бе... сите сте ВМРО-овци. Окно rules$$$“

Прашај го Вуна лично дали

Прашај го Вуна лично дали Мара доаѓа од штабот на ВМРО-ДПМНЕ па јави ми одговор.

Слични содржини

Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став

ОкоБоли главаВицФото