Гинтер Грас за Фејсбук

15.04.15 14:41

Познат како жесток и прониклив коментатор на општествените и политичките збиднувања, неодамна починатиот германски писател Гинтер Грас пред две години се осврна и на масовното користење на социјалните мрежи и мобилни телефони.

Иако признава дека зборува од позиција на „диносаурус“, вели дека ги следи внуците кои интензивно користат „Фејсбук“.

„Оној што има 500 пријатели на Фејсбук, воопшто нема пријатели. Одбивна ми е и идејата да имам мобилен телефон и да бидам достапен - и колку што знам под надзор - цело време. Ме изненадува тоа што милиони луѓе не се дистанцираат од Фејсбук и не велат - Не сакам да бидам дел од тоа. Ако сакам информација, ќе истражувам во книги, во библиотеки. Знам дека е побавно, дека модерните алатки можат да го забрзаат тоа. Но, кога станува збор за литература, кога работите на литература, не може да ги забрзате нештата.“

ОкоБоли главаВицФото