Дури 870.000 граѓани боледуваат од респираторни болести

16.04.2015 08:53
Дури 870.000 граѓани боледуваат од респираторни болести

Според последните податоци од 2014 година, во Македонија дури 670.086 или 76 отсто од граѓаните боледуваат од болести на горните дишни патишта.

Наспроти оваа голема бројка, дури 198.431 или 22 отсто од населението страдаат од болести на долните дишни патишта.

Математички кажано, тоа значи дека дури 870.000 граѓани во Македонија боледуваат од респираторни болести.

Овие бројки вчера на мирен протест пред Институтот за јавно здравје во Скопје ги соопштија активистите од граѓанското движење „Ќе дишеме или ќе издишеме“ и го прашаа директорот на Институтот, дали оваа здравствена установа нешто работи или е филијала на Државниот завод за статистика.

- Бараме јавно да се каже колку граѓани боледуваат од респираторни болести и од карцином во Скопје, Тетово и во Битола - истакнаа на активистите од „Ќе дишеме или ќе издишеме“.

Извор: Плусинфо