1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 14:59
Скопје, 17 април 2015
Повеќе македонски политичари, експерти и интелеткуалци предложија да биде амнестиран Љубчо Георгиевски за идејата за заедничка амнестија на власта и опозицијата.
Оваа идеја беше поддржана од голем број граѓани кои протестираа против злосторствата на власта обелоденети во „бомбите“ на СДСМ, како и од добротворната организација „Благовестие“.
„Зборувам од позиција на демохристијанин, богат колку просечен македонски бизнисмен. Тешко е да се прости, но ако влеземе во круг на апсења поради кражба на народни пари, до каде ќе нè одведе тоа?“, порача Георгиевски и додаде дека ако идејата не им се чини прифатлива на политичките играчи во Македонија, прифаќа да биде амнестиран за неа.
Поддршка за амнестирање на Георгиевски по повод идејата за сеопшта амнестија даде и МАНУ, аргументирајќи дека во Македонија циркулирале и поглупави идеи, како онаа за поделба на Македонија преку размена на територија и население – па никому ништо.
Се огласија и претставници од Здружение на возачи – Скопје, кои поставија свои услови за амнестија на Љубчо Георгиевски:
„Ако биде амнестирана идејата на Љубчо Георгиевски за амнестија, тогаш мора да биде амнестиран и возачот на Мартин Протуѓер. Во спротивно, нема да дозволиме никаква амнестија на никого“, пишува во соопштението на Здружението.
Слика: Свирачиња