CV кое не можете да не го забележите

17.04.2015 13:43
CV кое не можете да не го забележите

Кели Велс, дизајнер 

 

Во време кога побарувачката на работни места е многу поголема од понудата, кога за секое ново отворено работно место се натпреваруваат голем број невработени, пријавата на работа може да биде прилично стресна. Дали нашата биографија ќе биде препознаена во морето на оние кои им пристигнуваат на работодавачите и така ќе ни го отвори патот кон разговор за работа и евентуално вработување, е прашање кое мачи многумина кои бараат работа.

Така, биографијата стана клучно парче хартија кое ни ја отвора или затвора вратата кон посакуваната кариера или пак голата егзистенција. Првиот впечаток кој му го оставаме на работодавачот е токму оној кој го пренесува нашето CV. Со желба впечатокот да биде што поимпресивен, а CV-то и нашата шанса за вработување да не завршат во корпа за отпадоци, од штуриот документ кој го набројува нашето образование и искуство, биографијата стана слободна форма преку која го претставуваме она што најдобро го знаеме и умееме.

Мигуел Рато, графички дизајнер

Нема вработување за кое не треба да се напише бографија, ниту работоспособно лице кое не го направило тоа, барем еднаш во животот. Интернет просторот е полн со совети за пишување возбудлива биографија која ќе ги засени другите. Рамноправно со советите за правопис, стојат оние за психологијата на работодавецот, дизајнот, па и оние како да се прикаже своето искуство во што подобро светло.

Ник Бегли, експерт за маркетинг

Така нагласокот на биографијата премина од содржината на формата. Некои поединци од креативните струки ја препознаа презентациската моќ на CV-то и одлучија да ги засенат своите конкуренти. Гардијан објави некои од најкреативните CV-ja, меѓу кои и она на графичкиот дизајнер Мигуел Рато, кој ја смести својата професионална биографија на кутија од млеко и им го испрати на агенциите заедно со креативен ланч-пакет.

Руби Леонарди, дизајнер

Преку желудникот до работа се обидува да дојде и експертот за маркетинг Ник Бегли, кој своето образование и вештини ги стави на местото на хранливите вредности на пакување од чоколадо, наместо да испрати класично CV.

Освен храната, видео игрите исто така се привлечна форма за CV. Руби Леонарди направи интерактивна игра во која тој како јунак скока низ сопственото образование и работно искуство, а Џени Џонс својата пракса ја доби благодарение на друштвена игра која ја открива нејзината филозофија на дизајнот.

Џени Џонс, дизајнерка

Овие дела без сомнеж ја потврдуваат креативноста на нивните автори, но го отвораат и прашањето што е CV-то денес? Дали тоа треба да биде кратка и штура форма која донесува проверена содржина или пак спектакуларна форма чија цел е да ги засени другите? Во конкурентскиот дух на пазарот на труд сигурно ќе победи втората варијанта. Но, доколку таа стане норма, ако луѓето почнат да нарачуваат спектакуларни професионални биографии од креативни агенции, CV-то повеќе нема да кажува ништо за лицето кое го испраќа.

Омонди Абудо, уметнички директор и фотограф

Моника Гомес, графичарка и илустраторка

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото