1022 hPa
81 %
6 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 04:59
Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер
ГЈ: Ало?
МП: Еј, кажи Горде?
ГЈ: Мартин, извини, за оваа поракава што ти ја препратив, за да сме поефикасни. Дај некако на нашиве да им се каже да не се глупираат со штабовиве. Наши од УМС кршат штабови на Љубе.
МП: Добро, добро.
ГЈ: И сеа знаеш, јас се глупрам, викам не можеме да ги најдеме, а у Центар Даме е, знаеш, Даме Мирчевски.
МП: Добро, добро.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Миле.
MJ: Молам.
НГ: Абе овој, дознав дека овој високиот...
MJ: Добро?
НГ: А... наводно кога, пред да се објави огласот, ја сменил сликата на тоа како треба да изгледа Офицерски дом и тоа до него.
MJ: Како ја сменил?
НГ: Па нешо немало да биде исто, туку слично, а не по таа слика што ни е Коста Мазгалоски шо ја напрај...
MJ: Не, не, имавме, тој беше Коста па послем ја надогради тој другиот.
НГ: Која, Офицерски дом? И како ја напрај?
MJ: Ја имам сликата утре да ти ја дадам... Нели го ангажиравме дополнителнио, тука тој беше сместен, му плаќавме тоа...
НГ: И сега колку личи на Офицерски дом, поише личи или помалку?
MJ: Па добро, нели ја гледавме заедно?
НГ: Ама не, он ја подобри таа до неа, до Офицерски нели две продадовме, таа едната ја направи Коста, а овој ја подобри.
MJ: Така, да.
НГ: А Офицерски немаше подобрување.
MJ: Сега не ми текнува, мислам двете имаше подобрување.
НГ: Ај види утре и кажи ми.
MJ: Важи, ќе проверам.
НГ: И... ти ќе си се видел со него во четврток.
MJ: Само на крај, видете, ние му даваме согласност, тоа беше само нацрт, крајниот дизајн ние го одобруваме.
НГ: Миле, а колку си сигурен дека до 12 април он мора да извади за Офицерски дом, овој човекот шо го купи мора да извади одобрение.
MJ: 99 %
НГ: Нели две години било?
MJ: Значи, сеа точниот датум вчера што ви го кажав, сеа немам пред мене... не знам кој беше датумот.
НГ: 12 април ми го кажа.
MJ: 9 месеци е по закон, сеа незнам ако е 12. тогаш е 12.
НГ: Спреми се ти за ова за состанокот, ќе сте имале четврток состанок, расчистете го тоа со датумот и прати ми утре слика да го видам тоа, ја мислам дека он на Офицерски не менуваше, туку менуваше само на таа до Офицерски и за таа ние го замоливме да менува пошто беше грда, а оваа на Офицерски уопше не се сеќавам дека менувал нешто
MJ: Значи утре ќе ви го пратам, ама знаете, во предвид на крајот ние го одбруваме.
НГ: Ако ние го одобруваме, да знаеме што сме му дале.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Сакаш нешто да ме прашаш за ова за...
МЈ: А, за ова за локацијава шо ја продадовме за хотелов, така... овие...
НГ: За кој хотел?
МЈ: За на плоштад што е тој хотелот.
НГ: Добро... Мериот?
МЈ: Што беше градската куќа со тој хотелот, да...
НГ: Аха, добро.
МЈ: Нели имаше таму три приватни лица...
НГ: Да.
МЈ: Денеска беа едни од нив кај мене, тие се ставаат у зеленило и чисто најавуваат дека прво тие со понуда дадоја, дека по три илјади евра, дека се согласуваат да им се продаде земјиштето, дека ќе се бунат, ќе го оградуваат земјиштето, итн. му понудил некој 700 евра, викаат не е згодно вака, ние тргнавме културно, ќе се буниме да си ги оствариме правата.
НГ: Нека идат кај овој Али баба да им даде.
МЈ: Е еден е тој, Али баба уште двајца има други.
НГ: Да, ама не може заради него страдаат и други.
МЈ: Не, чисто сакав тој дел да ви го кажам, ништо специјално.
НГ: Нека се тера тоа е тоа, нема каде.
МЈ: Не, не, чисто мислев како информација.
НГ: Не очекував ја дека ќе има такво нешто, ама ти гледај колку време со Али баба нема договор.
МЈ: Не, не, знам, што бара и како бара, чисто тоа сакав како информација тоа да ви го кажам.
НГ: И нема да мрдне рботата.
МЈ: Да, да, јасно.
НГ: Нема да мрда, со Али баба... нема ни на повидок нешто. Јас сакам во нашиов мандат да се изгради тоа, не сакам во 25-та да се гради.
МЈ: Не, знам, ми кажа инвеститорот и мислам ок си е, само чисто како информација да имате, ништо повеќе, дека може и такви работи да прават.
НГ: Добро... да, ќе прават, сигурно тоа е тоа.
МЈ: Ок, поздрав.
НГ: Ние ја гледаме поголемата цел.
МЈ: Ок.
НГ: Ок, поздрав.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Миле.
MJ: Молам.
НГ: За ова за скалите, можеме ли ??? да си го изгради тоа и да ги продаде дуќаните доле и у ќар да се да земе кредит?
MJ: Генерално може и тогаш го дискутиравме тоа, ама не знаеме колку пари чини тоа.
НГ: Па ја мислам краткава варијанта ако се праи, по некои 4-5 милиони, а оваа дугачкава, оваа високава веројатно е поише.
MJ: Да зборам со Цветко, ама ај да почекаме состаноков со овај, зашто тој е заинтересиран, овој чоеков шо ви зборев, заинтересиран е тој викам...
НГ: Да, ама знаеш од која земја доаѓа, дали да го пуштаме да влага, тука на плоштад ќе се охрабрат, они ќе доаѓаат на плоштад после, знаеш, друго е таму да иде покрај покрај Вардар, таму кај Кале или не знам... Железничка станица онаму, друго е у Центар на плоштад да ти влезе таков.
MJ: Инаку тој има 30 години живеено во Франција, ама од таму му е потеклото.
НГ: Од таму, а?
MJ: Како дете бил на студии, заминал во Франција и 30 години живеел во Франција и се враќа повторно во Албанија.
НГ: А е муслиман или е католик?
MJ: Католик, католик
НГ: Ако е католик...
MJ: Српски... мислам појма нема со...
НГ: Овој Радика што го има не е католик, православен, Радика хотелот.
MJ: Католик и заљубен во барок. Значи човекот е, по звање значи, по струка е уметник.
НГ: А уметник е по струка, затоа он толку по барокот.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Миле.
МЈ: Молам?
НГ: И сега ова пропаѓа ли, што е работата?
МЈ: Треба пак да го објавиме, ама треба да имаме некој сигурен. Оваа, Розе од Ѕинго, до четвртокот имале одлука, после вечерта имале управен одбор и двајца од Бугарите не се согласиле, му кажала на Aлек, ама било касно. Aлек наводно неќи да не излези како некоја муабет афера, зборел и со вас ми рече.
НГ: Мх.
МЈ: Не е проблем, ќе го објавиме пак, ама беше таа кај мене, ги донесе документите, ги проверивме документите, сè беше ок и на крајот кажа, имале проблем со Бугарите.
НГ: И ова е дефинитивно дека се откажуваат?
МЈ: Јас се слушнав со Розе ми вика Миле, не можам одлука да донесам бидејќи не се сигурни колку пари тоа ќе ги чини. Јас напраив естимација, околу пола милион евра тоа чини, ама не се сигурни, вика немам сила да донесам одлука. Не знам, да ја викниме нејзе, ама таа нема толку моќна одлука, не знам таму кој ја носи одлуката, јас со неа дискутирам цело време.
НГ: Кога ќе знае она дали ќе влагаат сигурно или не?
МЈ: Во моментов викаат дека нема да влагаат, единствена причина што тоа не знаат колку точно ќе ги чини, тоа што ќе треба да го изградат.
НГ: И ниедна друга фирма не се јави?
МЈ: Не.
НГ: Како бе за толку атрактивна локација никој да не се јави?
МЈ: Нели Aлек беше заинтересиран, ама Aлек рече нека влезат тие, да не излезе дека јас за сè аплицирам и овие у петокот му кажалe нема време, ја зборев со Aлек за повторно вика да не испадни голема, дека цел плоштад ние го земаме, затоа ви викав да се видиме да продискутираме.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Да, да, те слушам. А кажи ми со овој Жермонд, што ти го пратив, Французов, како ти иде?
МЈ: За ГТЦ?
НГ: За ГТЦ, да.
МЈ: Абе поставија многу прашања, треба да проверам Елена му ги одговара прашањата. Во најголем дел се одговорени прашањата, но немам ништо повратно од кај него. Беа кај мене, му ги дадовме генералните податоци, го прошетав едно саат време убаво низ ГТЦ. Послем тоа постави неколку технички прашања, ги одговоривме и сега немам ништо повратно, не знам дали има нешто ново, да проверам.
НГ: А вие му одговоривте ли на прашањата?
МЈ: Најголем дел се одговорени, сега имаше минатата недела постави едни прашања, не знам дали се одговори, да проверам, да не ве лажам.
НГ: Како ти фаќа око тебе тоа?
МЈ: Вака, многу кратко имав средба. Не можам да ви кажам дали ќе биди или не. Дечково интелигентен е, прашата што ги поставува се сериозни и не се од него, сè она скици, сопственост на имотот. Проблем му е, вака првично што кажа, е што првите два спрата не се, не се државни туку се приватни, во најголема мера. Му дадовме ние сите, кој дуќан, чив е. Тој дури размислуваше. Праша што мислиш да се откупат сите дуќани, му кажавме дека се приватни. Тој кажа дека генерално сака да го има, цел трговски да е негов.
НГ: Ако си ги откупи тој од тие, немаме против ние. Нека си влезе у дил со нив и нека си ги откупи. Така?
МЈ: Мислам дека се одговорени сите прашања, ама да ви потврдам за 5 минути, можам да ви пишам СМС.
НГ: Ок. Важи.
Разговор помеѓу соговорник и Миле Јанакиески
С: Шефе.
МЈ: А?
С: Извини сеа шо стана со... нешо збориме со Дејан дупојве горе шо беше, она шо ги обори Центар...
МЈ: Не што ги обори Центар, ама не ги објави во службен весник. Шехтански му кажа дека да му достават во рок од 30 дена дали ги објави во весник, утре истекува рокот. И ќе му дај налог да ги објави. Ако не ги објави, тогаш ги поништува, ако ги објави пак ќе ги поништи. На Уставен ќе ги достави.
С: Аха, ама пак оди на уставен, така а?
МЈ: И едното сценарио и другото одат на Уставен.
С: И пак истите треба да се гласаат, така, пак да идат на гласање.
МЈ: Уставен му ги враќа и тогаш пак ги става на совет.
С: А да тогаш треба… Ок шефе, фала.
МЈ: Ајде.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Ама многу е касно, ние сакаме да си го работиме уште од утре тоа, до петок да созрее.
MJ: Ама претседателе, ги немам, ги немам материјалите од совет, не знам на кој закон, на кој член од законот се повикува, зашто уште ги немаше доставено во петокот попладнето материјалите до нашите советници. Да проверам сега да не ги има во меѓувреме доставено.
НГ: Провери, разбуричкај ја работава, за на време да видиме што е, како е, да можеме од утре да го работиме.
MJ: Ама, мислам, јасно ми е мене, само ги чекам материјалите од совет, ги чекам, не знам на кој член од законот се повикува. Во законот за просторно нема основ за таква одлука.
НГ: Добро.
MJ: Во понеделник свикав и голем состанок за ова, ама ќе проверам, сега ќе ви пишам.
НГ: Викни го и Славе на состанокот и сите.
MJ: Ги викнав и Мартин и Суле и мислам ѝ пишав на секретарката да ги викни и сите советници.
НГ: Ама у понеделник не сме тука, у Белград сме.
МЈ: Молам?
НГ: Понеделник сме у Белград ние.
MJ: Епа тие што се тука.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Ќе падне на Уставен тоа, а?
МЈ: Сто посто... Е сега...
НГ: Јас си мислам покрај тоа што на Уставен ќе падне, у петок он да изеде едно пет-шест шамари пред камери... да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде, да му удри три шамари, јаки, и да си искочи.
МЈ: Може да договориме сценарио, мислам, ја планирав овие нашиве да излегуваат да протестираат.
НГ: Ама не го збори ова на никој.
МЈ: Не, добро.
НГ: Оти ако се расчуе, џабе, ќе знае и ќе спречи.
МЈ: Значи ептен, онака значи, тоа е исто како мали џокица, замислува нешто, си прави одлука и си пишува шо сака во одлуката.
НГ: Подговтви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме.
МЈ: Добро, ги имам материјалите...
НГ: У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели, имаат право граѓани да влезат, па да видиме, да размислиме дали еден да стане и едно три-четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само.
МЈ: А.. Добро е советниците да прават тие како за буџетот шо прават.
НГ: Како?
МЈ: Нашиве советници да прават како тие што правеа за буџетот. Да излегуваат, да викаат спротивно на закон, не си ти устав да цениш, кој си ти устав да цениш...
НГ: Да да... Ќе му ја скршиме седница...
МЈ: Тоа е.
НГ: Нема да може да одржи една седница.
МЈ: Важи, ќе го спремам и Мартин...
НГ: Aли да имаме со аргументи, да ја напумпаме атмосферата дека праи фалш, за после тоа да има оправдување за тој чекор.
МЈ: Важи, ќе ги спремам, јас ќе се слушнам со Мартин... Ги имам сите аргументи.
НГ: Ај.
МЈ: Важи, поздрав.
Извор: СДСМ/НоваТВ