1021 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 07:59
Кога правиш појадок, мисли на другите. Не заборавај да ги нахраниш гулабите.
Кога се бориш во твоите војни, мисли на другите. Не ги заборавај оние кои очајно бараат мир.
Кога ја плаќаш сметката за вода, мисли на другите кои пијат дождовница од облаците.
Кога се враќаш дома, во твојот дом, мисли на другите. Не заборавај на оние кои живеат во шатори.
Кога спиеш и броиш планети, мисли на другите. Постојат луѓе без засолниште во кое ќе преспијат.
Кога се изразуваш користејќи метафорични изрази, мисли на другите кои го загубиле правото да зборуваат.
Кога мислиш на другите кои се далечни, мисли на себе и кажи: „би сакал да сум свеќа што ќе ја растера темнината“
Превод од англиски: Иван Шопов
Слика: Steve Chen