ЕКСКЛУЗИВНО: Бомба бр. 1263

23.04.2015 14:16
ЕКСКЛУЗИВНО: Бомба бр. 1263

- Ало, Миле.

- Повелете, претседателе.

- Види, ја више не идам у Брисел...

- Мхм... Да не го утнавте со Емил авионот од Порторож?

- Не бе, па ти... Никој нема да ме прими овде. Еве два дена шетам ко глуво куче низ градов. Само овој нашиов Гомковиќ ме прими.

- Тоа беше оној новинарот шо че му ја скршеше глаата Петрит Сарачини со сталако?

- Да бе, тој. Многу добро дете. Слуша се што ќе му кажеш.

- Кај го најдовме таков?

- Од тоа списочето на Гордана е. Знаеш, она вика и говедо да е, Македонец е. И у право е, да знаеш.

- Аха... А видовте ли таму некој плац, претседателе?

- Нема бе овде слободни плацеви. Има некои згради мади... Него, за друго те барав. Знаеш ли ти дека не ме прими ни Еди Рама? А договорено беше. И напишавме у агендата дека ќе се сретнеме.

- Ш...р, пичка му матер! Индијанец!

- Па си викам, да му организираме едно две илјади души да му протестираат.

- Во Тирана?

- Да бе, у Тирана. И да му влезе некој наш и да му врзе пет шест шамари. Онака пред камери...

- Ама претседателе... Тогаш нема да поминеме само со прекршочна.

- Нема врска, бе. Али Баба после тоа ќе го среди. Јави му се на Мартин да организира од овие нашиве момци.

- Бараби.

- Да, од тие. И да се заврши таа работа дури сум овде, во Брисел.

- Добро. Иако јас со Мартин сум нешто скаран сега...

- Остај тоа сега... Него, Миле, ми текна нешто друго. Го гледам овој мочково.

- Кој мочко, на Ставре мислите?

- Абе каков Ставре... Мочково бе, ова споменичево што моча вода. Не го знаеш? Учевме бе за него на факултет во Прилеп...

- Ааааа... Сум го видел на слики. Гордана ми го покажа и ми рече, мислам, срамота е ова стварно, претеравме, наши министри да се сликаат со тој мочкото, мислам што ќе помисли народот...

- Остај ја сега таа алапача, неа ќе ја средиме после конгрес. Него, друго си мислам... А да им го украдеме мочкото?

- Како да им го украдеме?

- Така бе, да си изградиме и ние таков споменик. Само поголем да биде, овој мочково овде некако е мал. Мислам, ќе ни се изгуби под Александар и Самоил.

- Не знам за тоа, претседателе, може че треба да го смениме дупот...

- А може ли тоа со промена на гупот да се реши?

- Да проверам утре и че ви кажам.

- Провери. И види со Валентина дали може набрзина да го напраи споменикот. Така, за едно два три дена...

- Може она, она е струја. Со калап ги праат.

- Да де... Ама овој нашиов да моча, да шиба. Овој овде ко камен у бубрег да има.

- Добро.

- И види, курето мора да му го покриеме. Ќе се бунат жениве, Бонева, унијава...

- Е па како ќе моча, претседателе, без курето?

- Миле, значи ич не ти текнуе. На се морам јас да мислам. Ни за парапетчето не ти текна. Ќе му стаиме пелена, како на Прометеј. И ќе му извадиме еден катетер. Види тоа Нино ќе го обмисли, од медицински аспект. Како ти изгледа тоа, а?

- Па не знам сега... Че го напраиме ако треба.

- Да, да, знаеш ли ти колку туристи после ќе ни доаѓаат?


- Во ред, претседателе, че свикам состанок и че ве известувам на секои две недели.

- Еднаш неделно. И не кажувај никому за ова, оти после ќе не блокираат.

- Во ред. А на началникот да му кажеме ли? Ќе ни се наљути ако не му дадеме ексклузива.

- Добро, нека го стаи у куртон вести. Да не ми плаче после.

- Во ред, ќе му кажам на Сашо да му јави. Он многу сака да го части.

- Чекај, Миле... Да не заборавам уште нешто... Ај кажи и на Ленче да му закаже состанок на Емил. Нема смисла, го извисив минатиот пат.

- За кога да биде состанокот?

- Па еве, нека биде за вчера во четири. Може ли?

- Може.

Извор: Плусинфо, 23.04.2015.

ОкоБоли главаВицФото