Трето гушкање на ГТЦ

24.04.15 14:51

На синоќешниот настан организиран во знак на поддршка на референдумот за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ, скопјани по трет пат го гушнаа градскиот трговски центар. Со симболичната прегратка заврши кампањата „Го сакам ГТЦ“, чија цел беше да ги информира и поттикне граѓаните да излезат на референдумот во недела и да го спасат овој исклучително важен објект од барокната кич чума „Скопје 2014“.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото